„Феро инвест“ почна да произведува трафостаници за електрани од обновливи извори


„Феро инвест“ преку своите фирми ЕМС-Energy Maintainance Solutions и „Брако“ почна да произведува електрични трафостаници,  коишто можат да се користат за електрани на обновливи извори на електрична енергија, но и за други индустриски капацитети, за станбени згради и населби, и за други потреби на компаниите и граѓаните. Трафостаницата е проектирана од архитектите од „Феро инвест“ /ЕМС,  […]

Николовски ќе информира за вториот саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Василка Стефановска од Здружението Слоу Фуд Македонија денеска ќе информираат за вториот национален саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“. Овој саем, како што е најавено, ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје на 7 октомври, со почетокот во 11 часот. 

Русите планираат да воведат квоти за извоз на гориво


Русија може да воведе извозни квоти за гориво доколку целосната забрана за извоз не ги намали упорно високите цени на бензинот и дизелот, изјави вицепремиерот Александар Новак. Министерот Новак на средба со високи менаџери на руски нафтени компании изјави дека забраната за извоз на бензин и дизел првично довела до пад на цените на берзата, соопшти […]

Продолжува растот на цената на нафтата


На меѓународните берзи денеска цените на нафтата искачија над 96 долари. Растот е поттикнат од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка на гориво во Кина за време на празничната сезона. На берзата во Лондон цената на барел нафта за испорака во ноември се зголеми за 88 центи и изнесуваше 96,26 […]

Евростат: Највисока инфлација во Словачка, Хрватска и Словенија


Индексот на потрошувачките цени (CPI) во еврозоната се зголеми во септември за 4,3 отсто на годишно ниво. Европскиот завод за статистика (Евростат) ги објави податоците за инфлацијата во еврозоната за септември. Според последните податоци, годишната инфлација во еврозоната, која во август изнесуваше 5,2 отсто, во септември изнесува 4,3 отсто. Очекувањата на пазарот беа дека годишната […]

Пет економски институти прогнозираат пад на германската економија


  Според Заедничката економска прогноза на пет реномирани економски институти, растот на бруто домашниот производ на Германија годинава ќе биде негативен и ќе изнесува -0,6 отсто. Во соопштението објавено од ИФО, еден од институтите кои учествуваа во подготовката на извештајот, се нагласува дека има силна надолна ревизија од 0,9 процентни поени во однос на прогнозата […]

Дополнително ќе биде закажано гласањето за Предлог-одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници


Пратениците попладнево во рамки на продолжението на 126. пленарна седница ја завршија расправата за Предлог-одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски соопшти дека за гласањето по оваа точка пратениците дополнително ќе бидат информирани. Министерот за финансии Фатмир Бесими во обраќањето истакна дека главна […]

Бектеши oчекува супермаркетите да ја спроведат одлуката за цените на прехранбените производи


Нема да има компромис во делот на одлуките на Владата за цените на прехранбените производи. Очекуваме сите производители, дистрибутери и увозници да ги намалат цените согласно одлуката на Владата, а синџирите на супермаркети да бидат општествено одговорни и да ја спроведат одлуката, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Ние сме тука за да им […]

Издадени првите структурни обврзници, општините Желино, Тетово и Виница ќе може да платат доспеани обврски


Министерството за финансии денеска ги издаде првите структурни обврзници наменети за општините Желино, Тетово и Виница, а со кои се обезбедува средства со кои на општините им се овозможува да ги намират досепаните обврски и да ги зајакнат своите финансиски капацитети. Издавањето на структурните обврзници е дел од предвидената реформа за унапредување на фискалната децентрализација […]

ЕК одобри исплата на 106 милиони евра државна помош за доизградба на гасниот терминал во Александруполи


Европската комисија го одобри барањето на Грција за исплата на државна помош од 106 милиони евра за поддршка на доизградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот пристанишен град Александруполи, на кој преку гасовод треба да се приклучи и Северна Македонија.  Како што соопшти денеска Еврокомисијата, одобрението е издадено согласно Правилата на ЕУ […]

Во Новаци пуштена во работа најголемата приватна фотонапонска централа на Балканот


  Најголемата приватна фотоволтаична централа на Балканот ФЕЦ „Новаци“ со капацитет од 55 мегавати и проектирано годишно производство од 85.000 мегават часови електрична енергија, инвестиција на компанијата „Меј енерџи“ од 40 милиони евра денеска официјално беше пуштена во работа. Таа се простира на површина од 57 хектари во општина Новаци на само 50 метри од […]

Сушата го десеткува производството на маслиново масло, цените ќе одат до небо


  Европа речиси и да снема локални резерви на маслиново масло и ќе се соочи со поголем недостиг, откако екстремните временски услови ги оштетија жетвите веќе втора година. Најголемиот светски производител изјави дека мора да увезува залихи од Јужна Америка за да биде во тек со побарувачката. „Денес е речиси физички невозможно да се купи […]

Просечната каматна стапка во август непроменета кај кредитите, зголемување кај депозитите


 Просечната каматна стапка на кредитите во август е непроменета, додека кај депозитите се бележи зголемување. Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на кредитите во август изнесувала 5,49 проценти, додека кај депозитите изнесувала 1,55 проценти. На годишна основа, се бележи зголемување на просечната каматна стапка и кај кредитите и кај депозитите. Кај кредитите има […]

Бесими: Со прераспределбата се обезбедува гарантирана исплата на зголемените плати, пензии и поддршка на стопанството


  Предлог-одлуката за распределување на средства помеѓу буџетските корисници е одлука за реалокација на средства за исплата на зголемените плати за вработените во јавниот сектор, од овој месец, нешто што е договорено со синдикатите, исплата на зголемените пензии за 6% за пензионерите од октомври, што е согласно методологијата што ја утврдивме заедно, средства за социјални […]

Млеко со афлатоксин на полиците во маркетите нема, велат од АХВ


Агенцијата за храна и ветеринарство негираше денеска дека на полиците во маркетите во земјава има млеко со афлатоксин. Реакцијата на АХВ доаѓа по тврдењата на Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ кој во изјава за медиумите рече дека на 21 септември оваа година во Македонија биле увезено преку 20 тони […]

ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува два денара, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, мазутот и дизелот не се менуваат


 Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денара, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 95 87 денари […]

АСОМ бара да се поништи одлуката за основање на нови друштва за интернет игри на среќа


Владината одлука за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа индиректно ќе значи клуч на врата за постојните приредувачи на игри на среќа, предупреди Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) на денешниот брифинг со новинарите. АСОМ изрази силна осуда за одлуката која ќе ја доведе во прашање егзистенцијата […]

„Рамсторе Македонија“: Водиме грижа максимално и навремено да ги задоволиме потребите на сите потрошувачи


Рамсторе Македонија: Водиме грижа максимално и навремено да ги задоволиме потребите на сите потрошувачи Во фокусот на активностите на Владата на Р.С.Македонија  за општествено одговорна свест, ставајќи акцент за подобрување на животниот стандард на сите граѓани, покрај производите означени со ГАРАНТИРАНА ЦЕНА ,   Рамсторе  како општествено одговорна компанија прави конкретни чекори во намалување на цените […]

Нето надворешниот долг зголемен за 121 милион евра, на крајот на јуни достигна 4,3 милијарди евра


На крајот на јуни годинава нето надворешниот долг достигна 4,32 милијарди евра иили 30,5 отсто од проектираниот Домашен бруто-производ, покажувата податоците на Народната банка објавени денеска. Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2023 година е зголемен за 121 милион евра, или за 2,9 отсто. „На крајот на вториот квартал од 2023 година, […]

Меѓународна конференција на НБ: Инфлацијата и натаму задава главоболки


  Враќањето на инфлацијата на историски ниските стапки останува приоритет за централните банки. Со правилна комбинација на политиките, економиите од Западен Балкан можат да обезбедат ниска инфлација и долгорочно забрзување на конвергенцијата на регионот кон ЕУ. За справување со инфлацијата, треба да се задржи цврстата монетарна позиција, со поддршка од фискалната политика. За ценовната стабилност […]