Владата ќе потроши милион евра за да ги „скроти“ цените на храната


  Милион евра помалку во буџетот – ќе биде финансиската последица од одлуката на Владата да ги намали  увозните давачки на одредени видови овошје и зеленчук, за да го запре ценовното цунами во земјата кое ја направи прескапа храната за домаќинствата. За министерот за финансии Фатмир Бесими  клучно е сепак намалувањето на цените, а не […]

Македонија ќе добие 62 отсто повеќе пари за земјоделството од ЕУ со ИПАРД 3


Македонија за наредните четири години ќе добие на располагање 97 милиони евра помош од Европската унија за развој на земјоделството во рамките на новиот пакет ИПАРД 3. Тоа е за 62 отсто повеќе од помошта добиена со ИПАРД 2  и заедно со задолжителното учество на државата и со учество на корисниците, ќе достигне до 250 […]

Поевтинуваат бензините, дизелот поскап за пола денар


Од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.   Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар. Согласно одлуката на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 86 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена […]

Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 25 отсто во третиот квартал


  Цените на нафтата се зголемија минатата недела, зголемувајќи го порастот во третиот квартал на повеќе од 25 отсто, како резултат на намалувањето на производството од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците на картелот. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 2,2 отсто, на 95,30 долари, додека […]

Пад во трговијата на мало со храна, пијалаци, горива


 Во трговијата на мало, во август годинава во споредба со август минатата година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано само кај номиналната стапка во групата трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво за 3.9  проценти. Како што објави Државниот завод за статистика, кај останатите групи е забележан пад и на […]

Индустриското производство во август со пад од 5,1 процент на годишно ниво


Индустриското производство во август годинава во однос на август минатата година е намалено за 5,1 процент, а во периодот јануари – август годинава во однос на периодот лани е зголемено за 0,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во август годинава во однос на август лани, индустриското производство бележи опаѓање во секторите […]

Потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3


 Во Скопје денеска ќе се одржи официјалниот настан за потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3. Спогодбата ќе биде потпишана од вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир. По потпишувањето, најавени се обраќања на Маричиќ, Гир, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за земјоделство, шумарство и […]

Лозарите бараат повеќе пари и олеснувања од Владата


Сојузот на здруженија на лозари, во името на лозарите, достави неколку барања до Владата на Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство, информираше вечерва Јован Златевски, претседател на Сојузот, по состанокот во Неготино.  Златевски соопшти дека бараат, под итно да се верифицираат мандати на тројца нивни членови, да бидат дел од потсекторската група за лозарство […]

Почнува намалувањето на роаминг цените за дата податоци со земјите од ЕУ


Почнува намалувањето на цените за дата податоци во роаминг на Северна Македонија со земјите од ЕУ. Граѓаните и бизнисите во Северна Македонијa, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), ќе плаќаат во просек една третина помалку од цената која сега ја плаќаат за дата податоци преку роаминг, кога патуваат во европските земји. […]

СДСМ инсталираше 450, ВМРО-ДПМНЕ само 18 мегавати зелена енергија


СДСМ одговори на нападите од ВМРО-ДПМНЕ дека фотоволтаичната централа во Новаци не е најголема во Европа и дека некој ги „наместил СДСМ и бектеши“. Од оваа партија порачаа дека  во изминатиот период со имплементацијата на зелениот договор, владата на СДСМ создаде услови за значително зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и дека […]

Ангел Анѓушев од Грин Машинс на Бизнис форум во Тирана


Оперативниот директор на Грин Машинс, ќерка фирма на велешки БРАКО, Ангел Анѓушев, на бизнис форумот кој се одржа во Тирана во рамките на Берлинскиот процес, порача дека државите од Западен Балкан очекуваат економска помош и поддршка од ЕУ, но нагласи и дека самите земји треба да вложат во зајакнување на сопствениот економски сектор. „Сите ние, […]

Затворени 10 маркети, нерегистрираните трговци да се регистрираат најдоцна до 15 октомври


Од 19 септември, кога е донесена првата владина Одлука за намалување на цените, направени се над 550 надзори, издадени се преку 32 платни налога и изречени се казни во висина од 6,320 милиони денари. Казните се за непочитување на Одлуката, но и за примена на нечесни трговски практики, а се постапува согласно Законот за заштита […]

Алатка на Народната банка за споредба на надоместоците за банкарските услуги


Граѓаните од денеска можат на брз и едноставен начин да направат споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките преку веб – страницата на Народната банка на Република Северна Македонија, преку користење на алатката „Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“. – Зголемената транспарентност и споредливост на услугите се најзначајните придобивки и новини кои […]

„Букинг“ ги испразни џебовите на хотелиерите, доцни со уплати со месеци


Веб-страницата за патувања Booking.com остави со месеци без пари многу хотелски оператори и други партнери ширум светот правдајќи го недостигот на плаќања со „технички проблеми“. Прашањето е широко распространето во Тајланд, Индонезија и Европа меѓу хотелиерите кои ги искажуваат своите фрустрации во групите на Фејсбук додека се шират гласини за причината за неплаќањето.Вообичаено, ако клиентот […]

Ова се десетте најголеми соларни централи во светот


Како што расте побарувачката за чиста енергија, употребата на соларна енергија вртоглаво се зголеми – соларните фотоволтаични соларни панели сега се најпопуларниот облик на производство на електрична енергија. Како што истекува времето за одржување на глобалната температурна промена под 1,5°C, масовното користење на чист извор на енергија како што е сончевата енергија не би можело […]

За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември зашто тогаш производството е најголемо


 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска објасни дека за доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните царински давачки во октомври и ноември зашто тогаш производството е најголемо. Со тоа, рече, ќе се оневозможи маркетите и пазарите да бидат преплавени со домати, пипер и краставици од други земји. Според Николовски, земјава секогаш […]

„Вкуси ја традицијата“ на 7 октомври во Скопје со околу 400 изложувачи и над 2.000 производи


Околу 400 мали производители од земјава со над 2 000 производи се очекува да учествуваат на претстојниот 2. Национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“ што ќе се одржи во Скопје на 7 октомври. Како што најавија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Василка Стефановска од Слоу Фуд Македонија, […]

Геоекономската фрагментација може да го намали глобалното БДП до 12 отсто


Геоекономската фрагментација е глобален ризик кој може позначајно да се одрази на глобалните трговски и финансиски текови, а со тоа и врз економскиот раст, особено кај помалите и помалку развиени економии. Проценките за загубите од долгорочното ограничување на глобалните текови на добра, услуги, финансии и технологија се проценува од 0,2 до 12% од глобалното БДП, […]

Бесими очекува интерес за зелената обврзница, нова граѓанска во октомври


Аукцијата за зелената обврзница, за која проспектот беше објавен оваа недела, ќе се одржи на 3 октомври, во вторник и за неа очекуваме поголем интерес пред се од банките и институции, иако е наменета и за граѓаните. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за Блумберг Адрија, во кое најави дека ќе […]