Принстон станува бесплатен за семејствата на студентите кои заработуваат до 100.000 долари годишно


Принстон, еден од најпрестижните универзитети во САД, најави нова политика за трошоците за студии. Од оваа година „мнозинство од семејствата што заработуват до 100.000 долари годишно нема да плаќаат школарина“ за студии, а финансиска помош можат да добијат и оние со плата поголема од 100.000 долари, соопшти денеска Волстрит журнал.

Принстон со оваа промена прави нова историја. Слично како и во 2001 година кога стана првиот од „Ајви лигата“ (Ivy League) на елитни високообразовни установи на САД што даде ветување на студенти дека ќе можат да завршат Принстон без да земат студентски кредити. 
За 2023-24 судиска година ценовникот на овој универзитет покажува вкупни трошоци 83.140 долари, вклучувајќи 59.710 за школување и 11.400 за сместување. 

Во минатото трите големи од Ајви лигата (Харвард, Јејл и Принстон) годината секогаш ја започнувале со зголемени цени, смета Ричард Ведер, експерт за студенстки трошоци. 

-Принстон може да си го дозволи ова со оглед на неговите дотации во висина од 35.8 милијарди долари.. Сметам дека ова е одговор на растечкиот критицизам на Ајви кои се претставени како некоја средновековна академска провинција, во комплет со нивните господари и богатите аристократски вазали, студентите, изјави тој. 

Сепак, како што наведува експертот, овој дарежлив чекор за прием на поголем број студенти не го запира општиот тренд на зголемени цени за високото образование во САД.  

Ведер е поборник на идејата доколку по завршувањето на студиите на дипломецот му останува враќање на дебели кредити, универзитетот треба да преземе дел од одговорноста во исплатата.