Индустријата во декември лани потфрли, производството помало за 5,8 отсто на годишно ниво


Индустриското производство во 2023 година споредено со 2022 година бележи раст од 0,7 проценти. Во декември 2023. во однос на декември 2022 година, пак, индустриското производство е намалено за 5,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, индустриското производство бележи опаѓање од […]

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет


Сојузот на синдикати на Македонија бараат оставка од судиите Шпенд Деваја, Наке Георгиев, Исамедин Лимани од Врховниот суд кои ја донеле пресудата за одземање на имотот на Синдикатот. Доколку до петок не поднесат оставки, како што најави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, од следната недела ќе почнат постапка пред Судскиот совет за нивно разрешување. […]

Трендафилов: Со „плата во плико“ неизвесна ќе биде егзистенцијата на работниците


Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов во однос на најавите за Предлог законот за работно ангажирање лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности, смета дека е недозволиво во земја кандидат за членство во Европската Унија да се формализира неформалната економија.  Според Трендафилов, поразително е да се предлага […]

Народна банка ја задржа основната каматна стапка на нивото од 6,30 проценти


Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари, одлучил вчера на редовна седница Комитетот за оперативна […]

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија амандмани за пакетот закони од МИОА, синдикалците велат ќе се намалеле платите


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе поднесе 21 амандман на Предлог-законот за административни службеници, кој е во собраниска процедура и треба да се донесе по скратена постапка со европско знаменце.  За Законот денеска втор ден треба да се расправа на собраниската Комисија за европски прашања, а синдикатите вчера побараа широка јавна дебата. – Конкрентно […]

Ќе се доделат над 7.000 ваучери за инвертер – клима уреди во вредност од 4,1 милиони евра


Министерството за економија годинава ќе доделува финансиска поддршка преку доделување на потврда – ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима уреди, со цел зголемување на енергетската ефикасност во своите домови и остварување на заштеди на електрична енергија, согласно Програмата за поттикнување енергетска ефикасност на домаќинствата за 2024 година и Програмата за заштита на ранливи […]

Инспекторите на ЕУ упаднаа во „Мишелин“, „Пирели“ и „Континентал“


Европската комисија испрати инспектори до група водечки производители на гуми, меѓу кои германскиот „Континентал“, италијанскиот „Пирели“ и француската „Мишелин“, поради сомневање дека ги прекршиле правилата за конкуренција со одредување на цените. Инспекторите ненајавено извршиле претрес во објекти на група компании од секторот за производство на гуми за автомобили, комбиња, камиони и автобуси во потрага по […]

Министерството за финансии со објаснување за платите во ФЗО


Не се работи за намалување на платите на вработените во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), туку се прави обид за нивно повторно зголемување кое, реално ќе има фискални импликации во буџетот на Фондот, истакнуваат од Министерството за финансии (МФ) во соопштение откако вчера Синдикалната организација на ФЗО најави дека вработените во ФЗО ќе стапат во […]

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на светската економија на 3,1 отсто за 2024 година


Светската економија, пред сè поради добрите перформанси на американската економија и на некои од главните брзоразвивачки земји, пред сè на Кина, годинава ќе биде подобра од очекуваното, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој сепак остана претпазливи за прогнозите за 2025 година. ММФ ја ревидираше својата прогноза за глобален економски раст за […]

Пет отсто од Буџетот за образованието и ревизија на работењето на сите високообразовни институции во државата, бара бизнисот


Пет отсто од Буџетот да се одвојуваат за образованието и да се ревидира работењето на сите високообразовни институции во државата, е едно од клучните барања на бизнисот што ќе им биде испорачано на политичките партии. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, мора да се спречи натамошната ерозија на квалитетот на високото […]

Бизнисот не стравува од изборниот процес, бара борба против корупцијата и сивата економија


Претстојниот изборен процес е предвиден и ќе помине со најмали штети кај бизнисот, оцени денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Тој на прес-конференција повтори дека за реалниот сектор е многу важно изборите да се одржуваат во редовните термини, а кампањите да бидат кратки за воопшто да не влијаат врз работата на компаниите. Според Азески, […]

Индија до 2027 година би можела да стане трета најголема светска економија


Индија би можела да стане трета по големина економија во светот до 2027 година со бруто домашен производ од пет билиони долари, објави индиското Министерство за финансии. Во моментов, Индија е петта по големина економија во светот, после САД, Кина, Јапонија и Германија. Фискалната 2024 година во Индија започнува на 1 април 2023 година и […]

Синдикатите реагираат што законот за административни службеници се носи по скратена постапка, бараат јавна дебата


Синдикатите реагираат на носењето на законот за јавна администрација кои по скратена постапка треба да бидат донесени во Собранието. Синдикатите реагираат дека вакви важни закони за работничките права се носат по скратена постапка без почитување на стандардната процедура, без јавна расправа и социјален дијалог. – Доколку ваквиот закон помине, одговорноста ќе биде на тие што […]

По три години работа, усвоена драфт верзијата на Националната развојна стратегија


  Драфт верзијата на Националната развојна стратегија (НРС), која ги дефинира приоритетите на државата во наредните 20 години, е финализирана и прифатена од Управниот одбор во кој членуваат сите вицепремиери, министерот за финансии, пратеници во парламентот, членови на МАНУ, претставници на амбасади и меѓународни организации, бизнис секторот и граѓанските организации. Станува збор за сеопфатен документ […]

Одложена изградбата на мегагасоводот „Силата на Сибир 2“


  Изградбата на долго планираниот мегапроект, кој ги поврзува руските гасни полиња со Кина, е одложена поради ценкање. Гасоводот „Силата на Сибир 2“ (познат и како „Алтаи“ гасовод), кој треба да ја минува монголската територија, е приоритет за Москва повеќе од една деценија и доби уште поголемо значење откако Европа го ограничи увозот на руски […]

„Стандард и Пурс“: Мерките на Народната банка придонесоа за јакнење на финансиската стабилност


Поставеноста на монетарната политика е еден од факторите за значителното намалување на инфлацијата во текот на минатата година. Девизните резерви бележат висок, двоцифрен раст и се во комфорната зона. Банкарскиот сектор и натаму е стабилен, што се согледува преку клучните показатели за неговото работење. Ова се главните наоди во монетарната сфера, во извештајот на агенцијата […]

Македонија го задржа кредитниот рејтинг ББ-со стабилен изглед од „Стандард и Пурс“


Македонија го задржа кредитниот рејтинг ББ-со стабилен изглед од Агенцијата „Стандард и Пурс“, соопшти Министерството за финансии.  Од таму велат дека ова е „нова потврда за конзистентноста на политиките на Владата за фискалната одржливост и перспективи за економски раст“. Агенцијата очекува забрзан економски раст, умерено ниво на јавен долг и фискална консолидација. Позитивно влијание се […]

Еко-свест: Гасификацијата е прескапа – за 12 години се приклучиле само 503 домаќинства


Најновата студија покажува дека стратегиите и плановите за гасификација на државата ги потценуваат трошоците и ги преценуваат можностите на гасификацијата. Трошоците за изградба на целата гасна мрежа во државата може да надминат високи 1 милијарда евра. Притоа, со високите трошоци за инвестиции доаѓаат и високи трошоци за крајните корисници, што го прават приклучувањето кон овој […]

ССМ и УПОЗ реагираат за предложениот закон за административни службеници


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија ( УПОЗ ) се незадоволни од продолжување на практиката закони, кои се од сериозно значење за работничките права и интереси, да се донесуваат по брза постапка со европско знаменце без  активно учество на заинтересираните […]