Форбс: Сите млади милијардери во светот го наследиле богатството


Сите светски милијардери помлади од 30 години го наследиле своето богатство, а првиот бран на „големиот трансфер на богатство“ би требало да се случи во следните две децении кога повеќе од 1.000 богати луѓе ќе префрлат повеќе од 5,2 билиони долари на своите наследници, покажа истражувањето на магазинот Форбс.

Денес има повеќе милијардери од кога било досега (2.781), а се очекува тој број да расте во наредните години, за време на кои постарата генерација на супербогати луѓе се подготвува да го пренесе своето богатство на своите наследници, пишува лондонскиот дневен весник „Гардијан“. 

Истражувањето на Форбс покажа дека во светот има 15 милијардери на возраст од 30 или помлади, но ниту еден од нив не создал сопствено богатство, туку добил огромно наследство.

Најмладиот милијардер има 19 години

Меѓу нив се Ирецот Фироз Мистри (27) и неговиот брат Захан (25). И двјацата имаат околу 4,9 милијарди долари од нивните акции во Тата Сонс, матичната компанија на индискиот конгломерат Тата Груп, која поседува автомобилски брендови, вклучувајќи ги Јагуар и Лендровер. Тие го наследија својот удел од 4,6 отсто во компанијата во 2022 година по смртта на таткото Сајрус Мистри, кој почина помалку од три месеци по неговиот татко Палоњи Мистри.

Трите деца на Леонардо Дел Веки, основачот на компанијата за луксузни очила за сонце Luxottica, станаа милијардери по неговата смрт во 2022 година. Леонардо Марија (28), Лука (22) и Клементе Дел Векио (19) наследија по 12,5 отсто удел во семејниот бизнис во Луксембург, Delfin Holding, кој поседува речиси една третина од EssilorLuxottica, компанијата зад Ray-Ban и Oakley брендовите. Тројцата наследници на Леонардо Дел Веки имаат богатство проценето на по 4,7 милијарди долари.

Најмладата милијардерка во светот е Ливија Војгт (19), која има богатство од 1,1 милијарда долари благодарение на уделот од 3,1 отсто во WEG Industries, бразилски производител на електрична опрема, ко-основач на нејзиниот дедо Вернер Рикардо, кој почина во 2016 година. пренесува Танјуг.