Ова се најбараните занимања во Хрватска


Индексот на слободни работни места OVI покажува дека најбарани занимања во Хрватска се продавач, келнер, готвач, магационер и возач.

Продавач, келнер, готвач, магационер и возач и натаму се најбарани занимања, исто како и пред една година, иако сите занимања освен готвачот забележаа намалување на бројот на огласи во март и заедно придонесоа за пад на индексот за 0,6 процентни поени.

Најголем позитивен придонес за индексот имаа готвачите од 0,2 процентни поени, а наставниците негативно со дури -2,2 процентни поени, при што програмерите, информатичарите и сервисерите на автомобили придонесоа секој со -0,5 процентни поени, покажуваат податоците на Загребскиот институт за економија, пренесува Пословни дневник.