НЛБ Склади влезе на пазарот во Македонија, го презема Џенерали инвестментс Скопје


НЛБ Склади денеска успешно го заврши купувањето на Џенерали инвестментс Скопје (Generali Investments0, третата по големина компанија за управување со средства на пазарот во Македонија со 18 отсто пазарен удел. Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Склади, Лука Подлогар, и претседателот на Управниот одбор на НЛБ, Блаж Бродњак; ги истакнаа големите можности за раст во […]

Орден Витез од Прва класа на данското знаме за Живко Мукаетов


Врските помеѓу Северна Македонија и Данска се изградени врз споделени вредности, заемни интереси и заеднички видокруг за збиднувањата во светот, a клучен аспект при зајакнување на овие врски е да ѝ се помогне на земјата да напредува на европскиот пат, нагласи денес амбасадорката Сузане Шајн во обраќањето по повод 30-годишниот јубилеј од воспоставувањето на Генералниот […]

Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати (фото, видео)


Следејќи ја својата стратешка определба за етичко и општествено одговорно работење и, истовремено, поставувајќи ја безбедноста како врвен приоритет, ОКТА инвестираше во нов тренинг-центар за противпожарна заштита од нафтени деривати, прв од ваков вид во земјава. Новиот тренинг-центар ќе овозможи изведување на вежби и сценарија на противпожарната единица ОКТА во строго контролирани и безбедни услови […]

Мерките против инфлацијата на Народна банка придонеле и за отпорноста на банкарскиот сектор


Вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска на 23. состанок на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за монетарната политика во Централна и Источна Европа посочила дека мерките за справување со инфлацијата што ги презела Народната банка придонеле и за дополнително јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. – Макропрудентните мерки во основа беа користени за да се […]

Банкарите годинава не очекуваат драматични промени во каматите на кредитите


Најавеното намалување на каматните стапки од страна на Европската централна банка нема драстично да се почувствува врз каматните стапки на кредитите во земјава. Ќе има одредена корекција кај кредитите што веќе се исплаќаат, а се поврзани со еуриборот, но корисниците нема да почувствуваат некоја драматична промена, сметаат банкарите.  Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе банка […]

Просечната нето плата во март 40.496 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесувала 40.496 денари, и е за 16 отсто повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21,9 %), Јавна […]

Протест на вработените во АД Пошта


Вработените на АД Пошта денеска во сите подружници во земјава ќе одржат протест барајќи исплата на платата за април и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација во работењето. – Поради сериозноста на состојбите во која е доведено опстојувањето на АД Пошта на РСМ, зачувувањето на работните места на вработените и егзистенцијаta на нивните […]

Предавање во употреба на новиот Тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати


Во кругот на ОКТА денеска официјално ќе биде предаден во употреба новиот Тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати. На настанот се очекува да се обратат главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос и директорот на оператива во ОКТА, Ице Рикаловски.

Втора Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА


Втората Конференција за комерцијални недвижности, во организација на ФОРТОНМКА ќе се одржи денеска во Скопје, на која локални и меѓународни професионалци ќе дебатираат за најновите трендови и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности. Целта на конференцијата, како што наведува организаторот, е да овозможи квалитетна платформа за дијалог и размена на идеи и […]

ЕЦБ ќе ги намали каматните стапки во јуни?


Во зависност од добиените податоци и новите проекции, Европската централна банка (ЕЦБ) во јуни би можела да ги намали референтните каматни стапки во еврозоната, но понатамошните чекори се многу помалку сигурни. Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел, изјави во интервју за агенцијата Никеи дека последниот чекор за намалување на инфлацијата е најтежок, бидејќи […]

Основачот на Светскиот економски форум, Клаус Шваб, се повлекува од функцијата извршен директор


Светскиот економски форум во вторникот потврди дека основачот Клаус Шваб се повлекува од секојдневното управување со организацијата по повеќе од 50 години на чело. Форумот рече дека овој потег е дел од повеќегодишната стратегија за промена на структурата на управување, префрлање на управувањето на претседателот и одборот на директори. Борге Бренде моментално е претседател на […]

Џо Бајден одлучи да ослободи милион барели гориво од резервите за да ги намали цените


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ослободи милион барели гориво од стратешките резерви, со цел да ги намали цените на бензинските пумпи. Според најавите од Вашингтон, до 4 јули, Денот на независноста на САД, ќе се пуштат 100.000 барели и ќе се вбризгаат на слободниот пазар со цел да се намалат цените на […]

Македонија2025 го организираше третиот Саем за наука, дел од проектот „Науката и јас“


Денеска се одржа третиот регионален Саем за наука, организиран како дел од проектот „Науката и Јас“, во организација на Македонија2025 и компанијата Џонсон Мети. Овој настан има за цел да ги поттикне учениците да се заинтересираат за науката и да ги презентираат своите научни проекти пред пошироката јавност. Саемот се одржа во поливалентниот простор на […]

Сезонската авиолинија Скопје – Крф била откажана од комерцијални причини


 Од комерцијални причини, планираната директна сезонска линија од Скопје за островот Крф нема да биде воведена, дознава дописничката на МИА од Атина, од извори од грчката авиокомпанија „Егеан Ерлајнс“. Иако конкретното авионско поврзување меѓу Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Крф, ТАВ Македонија го соопшти на почетокот на април и најавија дека летот ќе биде воведен […]

Во март еврозоната забележа трговски суфицит од 24,1 милијарди евра


Според првите прелиминарни проценки, еврозоната во март забележала суфицит од 24,1 милијарди евра во стоковната трговија со остатокот од светот, објави денеска Евростат. Вредноста на стоките извезени од еврозоната во остатокот од светот во март 2024 година изнесува 245,4 милијарди евра, што е за 9,2 отсто помалку во споредба со истиот месец лани. Евидентиран е […]

Мајкрософт најави нови компјутери со чипови со вештачка интелигенција од Квалком


Американската технолошка корпорација Мајкрософт објави дека наскоро ќе пушти во продажба нови компјутери со напредни чипови од компанијата Квалком (Qualcomm) кои се дизајнирани да извршуваат функции на вештачка интелигенција без брзо празнење на батеријата. -Во прашање се чиповите Snapdragon кои ќе им овозможат на корисниците да извршуваат некои задачи со вештачка интелигенција дури и без […]

Неверојатно поскапување на сместувањето во Белград, еве што се случува


Нормално е цените на сместувањето да растат со побарувачката или во деновите на важни настани, но ова што го направија белграѓани со цените на сместувањето во деновите кога настапува Рамштајн – одамна не е видено, дури успеаја да го победат Малме за време на Евровизијата. Ако се подготвувате за еден од двата концерта на индустрискиот […]

„Гаспром“ во страшни загуби, Кремљ нареди да нема дивиденди


  Руската влада му наложи на „Гаспром“, некогаш најголемата руска компанија според приходите, да не плаќа дивиденди, по рекордните загуби и драстичното опаѓање на цената на акциите. Претходно овој месец, групацијата „Гаспром“, која исто така вклучува и нафтени и енергетски бизниси, објави нето загуба од 629 милијарди рубљи (6,9 милијарди американски долари) за минатата година […]

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА


  Во хотелот Дабл три (DoubleTree by Hilton) во Скопје утре ќе се одржи втората Конференција за комерцијални недвижности, во организација на ФОРТОНМКА. Конференцијата ќе биде домаќин на локални и меѓународни професионалци и ќе отвори дебата за најновите трендови и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности. Целта на Конференцијата за комерцијални недвижности […]

Изложбата на илустрации од Литера се сели во Рамстор мол


Скопје, 21 мај:  – Со задоволство ве информираме дека изложбата која беше дел од Литера, меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца, се сели во Рамстор мол во центар. Илустрациите од реномираните турски автори: Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Мурат Калкаван, како и од домашната минатогодишна наградена илустраторка Наташа Андонова, ќе можат посетителите […]