Лани имало 2.250 посериозни повреди при работа, 17 завршиле трагично


Во организација на МТСП и Меѓународната организација на труд со конференција на тема: „Климатските промени и безбедноста и здравјето при работа„ го одбележавме 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при работа. Сведоци сме на очигледни глобални климатски промени кои се случуваат насекаде на планетата. Резултат на тоа се сè почестите временски и […]

„Да за Европа“: Четири авиокомпании ќе ја шират европската идеја


Четири авиони на авиокомпании кои се дел од групацијата на „Луфтханза“ во наредните недели ќе ја шират европската идеја за со натпис на нивните трупови: „Да за Европа“.  Станува збор за авиони од типот „Ербас А320“ на авикомпаниите „Луфтханза“, „Еуровингс“, „Аустриан Ерлајнс“ и „Брисел Ерлајнс“ кои ќе имаа задача да служат како амбасадори на европската […]

Неоправдано е поскапувањето на автомобилското осигурување, смета Агенцијата за супервизија на осигурување


 Зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании, смета Агенцијата за супервизија на осигурување. -По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка.  По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано, се […]

КБ пакети за ред во твоите лични финансии и за полесен ден


Секој ден е нов предизвик кога станува збор за личните финансии. На сите нас ни се многу важни правилното управување со личните финансии, разните плаќања, планирањето на иднината и следењето на дигиталните новитети во банкарскиот свет. И сето тоа може да биде многу едноставно средено кога доаѓа во еден пакет и со пониска цена од […]

АЕТМ и ВИЗА доделуваат грантови од 1000 евра за отворање на е-продавница


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, втора година по ред објавува Jавен повик за бесплатно отварање на е-продавници насловен „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси” vol.2, кој се реализира во партнерство со компанијата Visa. Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни компании, кои сè уште не ги продаваат своите производи или услуги […]

„Глаксо Смит Клајн“ поднесе тужба против Фајзер и БиоНТек


Лондон – Британската фармацевтска компанија „Глаксо Смит Клајн“ („GlaxoSmithKline“) вчера поднесе тужба до федералниот суд во Делавер против американскиот Фајзер (Pfizer) и германскиот БиоНТек (BioNTech), тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласникот RNA (mRNA) во вакцините против Ковид-19. -Вакцините на Фајзер и БиоНТек ги прекршуваат иновациите на „Глаксо Смит Клајн“ заштитени со […]

Бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија зголемен е за повеќе од 50 проценти


Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, објави денеска австрискиот Заводот за статистика. Во однос на бројот на жители, ова претставува зголемување од 2,3 приценти во 2022 година на 3,7 отсто во 2023 година, што е најголем процент во изминатите […]

Комерцијална банка со извонредни резултати во првиот квартал – рекордни приходи и добивка


  Во периодот од 01.01-31.03.2024 година Комерцијална банка од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.179,1 милион денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.039,7 милиони денари што претставува зголемување за 13,4 отсто, соопшти банката во редовниот извештај доставен до Македонската берза. Како што се […]

Американската економија порасна за само 1,6 отсто во првиот квартал, многу помалку од очекуваното


Американската економија „залади“ повеќе од очекуваното во првиот квартал од годината, но остана здрава според историските стандарди. Економскиот раст постојано се забавува во текот на изминатите 12 месеци, што навестува добро за пониски каматни стапки, но Федералните резерви јасно ставија до знаење дека не брзаат да ги намалат стапките. Бруто домашниот производ, кој ги мери […]

Пред изборите партиите го слушнаа бизнисот, сега стопанствениците очекуваат исполнување на ветеното


Бизнисот е уверен дека земјава е пред политичка промена. Очекува поголема излезност на 8 мај, за време на парламентарните и вториот круг претседателски избори, а на новата влада и порачува – она што е договорено со стопанството пред изборите, доследно да се спроведе за да можат компаниите да го прилагодат своето функционирање на новите услови. […]

Трката за чиста енергија може да доведе до најголем договор во рударството


Рударскиот гигант БХП поднесе понуда од речиси 40 милијарди долари за да го преземе својот ривал од Обединетото Кралство, Англо Американ, во она што би било најголемиот рударски договор досега. БХП во четвртокот објави дека ги проценува акциите на Англо Американ на 25,08 фунти (31,40 долари) по акција, или вкупно 31,1 милијарди фунти (38,9 милијарди […]

„Мета“ на Цукерберг изгуби 200 милијарди долари пазарна вредност за еден ден


Марк Цукерберг ја започна конференцијата за резултати на Мета зборувајќи за вештачката интелигенција. Потоа премина на метаверс, пофалувајќи ги слушалките, очилата и оперативниот систем на неговата компанија. Речиси целиот свој воведен говор го фокусираше на многуте начини на кои Мета губи пари. Инвеститорите не беа за тоа. Акциите на Мета паднаа за дури 19 отсто […]

Авиокомпанијата Боинг во првиот квартал од 2024 со помали загуби од очекуваните


Американската авиокомпанија Боинг соопшти дека загубила 355 милиони долари во првиот квартал, или 56 центи по акција, што е намалување од загубата од 425 милиони долари или 69 отсто по акција една година претходно. Со исклучок на еднократните ставки, вклучувајќи ги и трошоците за пензија, компанијата загуби 388 милиони долари или 1,13 долари по акција. […]

„Амазон“ во Италија казнет со 10 милиони евра


Италијанскиот регулатор денеска им изрече казни од вкупно 10 милиони евра на подружниците на американскиот гигант „Амазон“ поради ограничување на слободата на потрошувачите при електронско купување. Амазон „значително го ограничи изборот на потрошувачите“ со стандардно „нарачување однапред и заштеда“ при купување широк спектар на производи, утврдија регулаторите, наметнувајќи казни за Amazon Services Europe и Amazon […]

Ефектот на блоковите: Меѓународната трговија со геополитичките сојузници во пораст


Меѓународната трговија станува сè пофрагментирана во последните пет години, бидејќи земјите се префрлија на зголемено тргување со нивните геополитички сојузници. Оваа графика од Фондацијата Хинрих, прва во серијата од три дела што ја покрива иднината на трговијата, дава визуелен контекст на растечкиот јаз во трговијата во земјите од Г7 и пред експанзијата на БРИКС, кои […]

Бајден го потпиша законот за ТикТок


Претседателот на САД, Џо Бајден го потпиша неодамна усвоениот закон од Конгресот, со кој се бара од компанијата „БајтДенс“ (ByteDance) со седиште во Кина, да го продаде ТикТок или ќе се соочи со забрана на американскиот пазар. Продажбата мора да се случи во рок од девет месеци или една година доколку Бајден се согласи да […]

Грција, Италија, Франција имаат најголем јавен долг во еврозоната…


На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, јавниот долг на земјите од еврозоната падна од 89,9 отсто во претходниот квартал на 88,6 отсто, објави Евростат. Во Европската унија, јавниот долг на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесува 81,7% од БДП, што претставува намалување од 0,7 процентни поени во однос на претходниот квартал. […]

Во Хрватска лани во просек биле вработени 1,6 милиони лица


Во периодот од јануари до декември 2023 година, во Хрватска во просек биле вработени милион и 603 илјади лица, а 104 илјади биле невработени, при што стапката на вработеност за лицата на возраст од 15 до 64 години изнесувала 65,7 отсто во тој период, а невработеноста е 6,2 отсто, покажуваат податоците на хрватската статистика. Податоците […]

Турција, ОАЕ и Катар сакаат да го поврзат Персискиот залив со Медитеранот


Турција, Ирак, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Катар потпишаа писмо со намери за воспоставување нов транспортен коридор што треба да го поврзе Персискиот залив со Медитеранот преку мрежа на патишта и железници. Претставниците на четирите земји потпишаа писмо со намери во понеделникот за време на посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Ирак, соопшти […]

Канада направи исклучок. Дозволи Ербас да набавува титаниум од Русија


Канада ја одобри употребата на титаниум од руско потекло за европскиот производител на авиони Ербас, ослободувајќи го рускиот добавувач од санкции по предупредувањето за можни страшни последици за западниот воздушен простор. Одлуката на Отава ќе овозможи флексибилност на Ербас во производството на авиони во канадските фабрики и ќе ги ублажи стравувањата од проблеми со увозот. […]