„Кумот“ на вештачката интелигенција ја повика државата да му дава пари на секој граѓанин


Компјутерскиот инженер Џефри Хинтон е „кум“ на вештачката интелигенција кој верува дека владите ќе мора да овозможат универзален основен приход како реакција на нееднаквоста предизвикана од вештачката интелигенција. Во интервју за Би-би-си, тој објасни зошто смета дека властите треба да даваат пари на секој граѓанин. Како причина за ова, тој истакна дека очекува вештачката интелигенција […]

Нацевска: Народната банка продолжува да го унапредува домашниот финансиски пазар


„Ефикасното спроведување на монетарната политика, покрај од мерките на Народната банка, во голем дел зависи и од функционалноста и натамошниот развој на домашните финансиски пазари, меѓу кои девизниот пазар има клучна улога. Оттаму, Народната банка продолжува со активностите за натамошно унапредување и развивање на домашниот девизен пазар и во таа смисла, искажуваме поддршка за иницијативите […]

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ? Објавена е студија


Германија би претрпела сериозна економска штета доколку ја напушти Европската унија, пишуваат истражувачите од Германскиот економски институт (IW) во извештајот што го виде германската новинска агенција Дпа. Напуштањето на ЕУ, пишуваат економистите во нивната анализа, „ќе доведе до сериозна економска криза и долгорочно губење на просперитетот за населението во Германија“. Екстремно десничарската партија Алтернатива за […]

Земјите од ЕУ губат и до 15 милијарди евра годишно поради фалсификувани производи


Поради фалсификувани производи и пиратерија, земјите од ЕУ губат до 15 милијарди евра годишно. На ниво на Европската унија, фалсификуваните производи сочинуваат речиси 7 отсто од сите производи увезени од трети земји. Хрватската Царинска управа лани регистрирала влез на 635 фалсификувани производи со вредност од над 4 милиони и 200 илјади евра, јави ХРТ. Европските […]

Шестмесечниот ЕУРИБОР на најниско ниво во последната година


Шестмесечниот ЕУРИБОР (каматната стапка на европскиот меѓубанкарски пазар) моментално изнесува 3,79 отсто, што е најниско од јуни минатата година. За разлика од Њујорк, европските берзански индекси беа главно неактивни минатата недела. Речиси половина од компаниите вклучени во индексот STOXX 600 веќе ги објавија своите квартални резултати. Повеќе од 60 проценти ги надминаа очекувањата, што е […]

Судот во Санкт Петербург нареди заплена на имотот на Дојче банк и на Уникредит во Русија


Дојче банк ќе мора да ги предаде сите средства што ги поседува во Русија, според одлуката на судот во Санкт Петербург.  Повод за ваквата објава на судот е тужбата што ја покрена Рускемалајанс (RusChemAlliance), компанија во која рускиот нафтен гигант Гаспром има 50 отсто сопственост. Рускемалајанс ја тужеше Дојче банк затоа што раководителите на банката […]

Арнаудова – Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање


Преку стратешки пристап и преземање на низа мерки, Народната банка претставува активен чинител кон создавање зелена и одржлива економија. „Препознавајќи го значењето на климатските ризици, Народната банка досега презеде повеќе активности за зголемување на свесноста за последиците од климатските промени, а со мерките за континуирано јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, се придонесува и кон […]

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика


РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар и најголем дел од стопанството добива електрична енергија од РЕС, објави Регулаторната комисија за енергетика. РЕС (Renewable Energy Supply) сам држи речиси една третина од пазарот, а останатиот дел го делат други 20 снабдувачи. Во 2023 година РЕС продал 609.771 MWh електрична енергија, или 28,84% од вкупната енергија на слободниот пазар, додека […]

Наскоро првиот милијардер Ром во светот: И Блер на листата


Британски Сандеј Тајмс денеска објави листа на најбогати луѓе во земјата, со оценка дека бројот на милијардери во Велика Британија се намалува и дека британскиот „милијардерски бум“ завршува. Списокот открива дека бројот на милијардери опаднал оваа година, од 177 во 2022 година на 165 ултрабогати оваа година. Заедничкото богатство на 350-те најбогати поединци на листата […]

Ако ЕЦБ ги намали каматите, тоа ќе се рефлектира и кај нас, но не со таа динамика како во ЕУ


Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки. Ако Европската централна банка почне да ја намалува каматната стапка тоа ќе има ефект и кај нас, меѓутоа можеби не со таа динамика како во земјите од Европската унија, бидејќи ние имаме повисока стапка на инфлација од нив, сметаат експертите кои денеска присуствуваа на 29. Годишно […]

Измама на позната нафтена компанија: Оштети милиони луѓе


Мултинационалната нафтена компанија Шел продаде милиони лажни кредити за јаглен на најголемите канадски компании за нафтени песоци, покажуваат документите видени од Фајненшл Тајмс. Се проценува дека овој нафтен гигант преку капацитетите за заробување јаглерод си донел над 135 милиони евра со контроверзниот договор со властите. Треба да знаете дека јаглеродните кредити се заверен документ кој […]

Откриен петти случај на штетна материја во зеленчук од Македонија


Штетни хемикалии се откриени во зеленчукот од Северна Македонија по петти пат во изминатата година во Хрватска. Како што е соопштено од европскиот систем за безбедност на храната, во мешаната салата биле откриени недозволиви нивоа на пестицидот хлорпирифос, забранет во ЕУ. Процентот на хлорпирифос во салатата беше 0,028 милиграми по килограм производ. За среќа, тоа […]

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот


Најуспешните жени менаџерки од земјава и регионот ќе бидат наградени денеска на манифестација што по 28-ми пат ја организара „Марили“. Годинава, ќе бидат наградени и ќе добијат  статуетка „Жена водилка“ 13 менаџерки, од кои 10 се од земјава, а три од Србија и Хрватска.  Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на мецосопранот Александра Коцевска и […]

Рајфајзен банка може да биде отсечена од финансискиот систем на САД бидејќи уште е во Русија


Австриската Рајфајзен банка добила писмено предупредување од Министерството за финансии на САД дека банката може да биде отсечена од американскиот финансиски систем поради тоа што продолжува да работи во Русија, јавија дел од американските медиуми. Од извори во владата се дознава дека писмото, испратено на 6 мај од страна на заменик – министерот за финансии […]

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија


Производителот на електрични возила „Тесла“ најави отпуштање на уште околу 600 вработени во своите производствени капацитети и инженерски канцеларии во американската сојузна држава Калифорнија. Си-Ен-Би-Си објави дека компанијата има проблем со намалувањето на побарувачката за електрични возила и зголемената конкуренција, поради што компанијата ќе започне со намалување на бројот на работни места. Последниот бран отпуштања […]

Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните


Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, оствари средба со раководството на Македонија 2025. Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата била потенцирана потребата од забрзан економски развој и трансформација на државата, за што претседателот […]

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023


Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да направат увид во Годишните даночни пријави (ДЛД ГДП), кои веќе се поставени на системот а се однесуваат за остварени приходи во 2023 година. Секој кој е регистриран на системот ППД – (ujp.gov.mk) има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2024 година, да ја потврди или доколку […]

„Македонија 2025“ и Стопанската комора со заедничка визија, да имаме посилни бизниси и подобро деловно опкружување


Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска, по средбата со раководството на Македонија 2025, уште еднаш повика на обединување меѓу сите релевантни фактори во државата, но и на заедничко, практично делување за економски просперитет. Повторно укажа на потребата од подигнување на степенот на владеењето на правото и на пазарната економија, како и на запирање на […]

Стопанската комора ќе поддржи ревизија со „Бехтел и Енка“ ако е во интерес на бизнисот, бара континуитет на договорите


Се надевам дека вчерашната изјава на Мицкоски за ревизија на договорот со „Бехтел и Енка“ е дадена во согласност со нашите заложби за континуитет на правните договори што ги склучила претходната влада и ако се работи за подобрување во интерес на бизнисот, ние ќе ја поддржиме таа работа, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко […]

Андријана Нелкова – Чучук избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика


Андријана Нелкова – Чучук, член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) е избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика (ERRA – Energy Regulators Regional Association) со мандат од 2024 до 2026 година, информираат од РКЕ. Оттаму додаваат дека регулатори од 47 земји, од […]