Изјави на претседателот на Стопанската комора и на еден од основачите на „Македонија2025“ (во живо)


 Изјави на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и Мајк Зафировски, еден од основачите на „Македонија 2025“ по средбата во Стопанската комора.   

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа


Модерните агротехнички и вински практики и иновативни модели во лозарството, како и мерки за намалување на влијанието на климатските промени, беа во фокусот на стручното предавање што го организираше Винарската визба „Тиквеш“ во М6 Едукативниот центар. Ова стручно предавање е дел од Винската летна школа која се одржува во рамки на Регионалната меѓувладина иницијатива за […]

Средба Ангеловска-Бежоска − Камер: Политиките на Народната банка клучни за макроекономската стабилност


Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4%, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30% во однос на периодот пред пандемијата, а […]

Кој произведува најмногу сончева енергија во светот?


Минатата година, соларната енергија учествуваше со три четвртини од зголемувањето на капацитетот за обновливи извори во светот. Најголем дел од овој раст се случи во Азија, ЕУ и САД, продолжувајќи го трендот забележан во изминатата деценија. Оваа графика објавена од Visual Caputalist го илустрира растот на инсталираниот соларен фотоволтаичен капацитет во Кина, ЕУ и САД […]

ЕЦБ: Европските земји се ранливи поради високиот јавен долг


Европските земји се „ранливи на негативни шокови“ предизвикани од геополитичките тензии и постојано високите каматни стапки поради неуспехот да се намали јавниот долг, предупреди Европската централна банка (ЕЦБ). Во својот полугодишен преглед на финансиската стабилност, ЕЦБ изјави дека многу европски влади не ги укинале целосно мерките за поддршка воведени за заштита на потрошувачите и бизнисите […]

Шенжен е град со најголем пораст на бројот на милионери во светот


Шенжен го забележа најбрзиот пораст на бројот на милионери во изминатата деценија, а тој тренд ќе продолжи и во наредните години, се вели во неодамнешниот извештај. Шенжен бележи зголемување на бројот на милионери за 140 отсто, според извештајот на консултантите за миграција на New World Wealth и инвестиции Henley & Partners, пишува Си-Ен-Би-Си. Растот е […]

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“


Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе реализира работна средба со раководството на „Македонија 2025“ на тема „Големи економски проекти – темели за просперитетна иднина на Македонија“.  По средбата, која ќе се одржи во просториите на Комората, предвидени се изјави за медиумите од претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и Мајк Зафировски, […]

Што добива Унгарија ако ѝ даде една милијарда кредит на Македонија?


  Вестите за мистерозната милијарда евра најавена од победникот на изборите, Христијан Мицкоски, и нагаѓањата за можниот извор на кредитот стигнаа и до Будимпешта. Медиумите во Унгарија истражуваат што би добила земјата доколку на владата што треба да се формира во Македонија ѝ се даде кредит од една милијарда евра преку тамошната Ексим банка и […]

Мицкоски ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“


  Новата влада предвидена од ВМРО-ДПМНЕ  ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10д, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.  Обраќајќи се на завршувањето на дводневниот Самит на „Македонија 2025“, Мицкоски рече дека пред новата влада во врска со договорот со „Бехтел и Енка“ […]

„Го дигитал“ ќе ја помага дигиталната трансформација на мали и средни компании


Новоформираната Фондација-Центар за дигитална трансформација „Го дигитал“ денеска потпиша Меморандум за соработка со партнерите кои ја поддржуваат нејзината мисија за креирање екосистем за дигитална трансформација на македонските микро, мали и средни претпријатија. Целта на оваа непрофитна организација е да бидат поддржани компании кои се успешни во работата, но им недостигаат дигитални вештини за да бидат […]

Недостигот на стручни кадри ги намалува инвестициите на германските компании во земјава


Недостигот на стручни кадри ги демотивира странските компании да инвестираат во земјава, покажуваат разултатите од Анкета за оценка на деловната клима во Северна Македонија, што традциционално ја спроведува Македонско-Германското стопанско здружение. Како што истакна денес на презентација на резултатите од анкетата, директорката на АХК Северна Македонија, надлежна и за Албанија и Косово, Антје Ванделт, проблемот […]

Мицкоски се сретна со сопственикот на „Костал“


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и иден мандатар за составување на новата влада, денеска на маргините на Самитот Македонија 2025 се сретна со Андреас Костал, претседател на Управниот одбор и сопственик на „Костал Групацијата“. Мицкоски денес попладнево има најавено обраќање пред учесниците на Самитот што се одржува денес и вчера во Скопје, но надвор од […]

ЕЦБ: Геополитичките тензии ја загрозуваат стабилноста на еврозоната


Геополитичките тензии и несигурноста на политиките во годината во која има многу избори во светот претставуваат ризици за финансиската стабилност на еврозоната, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). Во својот полугодишен преглед на финансиската стабилност, ЕЦБ нагласи дека условите се подобрени од нејзината последна проценка. „Краткорочниот ризик од длабока рецесија придружена со зголемена невработеност – […]

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени


Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа. По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните […]

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак


  Речиси 250 студентки по технички науки, од кои 14 од Северна Македонија, беа дел од првиот заеднички состанок што се одржа во Истанбул во рамки на иницијативата Global Engineer Girls (GEG), која ја спроведува Групацијата Лимак. Покрај од земјава, на заедничкиот состанок беа присутни и студентки од различни градови од Турција, Косово и Саудиска […]

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари


Тајната е откриена! Беркшир Хатавеј, во сопственост на Ворен Бафет, поседува голем удел во осигурителната компанија „Чаб“. Така, инвестицијата која се чуваше во тајност од минатата година конечно беше разоткриена. Беркшир откри дека купил скоро 26 милиони акции на Chubb, во вредност од околу 6,7 милијарди долари. Тоа е она што се вели во поднесувањето […]

Резервите на нафта во САД се намалиле многу повеќе од очекуваното, намалена е и инфлацијата


Резервите на нафта, бензин и други нафтени деривати во САД се намалиле многу повеќе од очекуваното во неделата заклучно 10 мај, соопштија денеска од Агенцијата за информација во енергетиката (ЕИА). Во меѓувреме, најновиот извешаj за инфлацијата е поповолен од очекуваното што предизвика раст на акциите на главните берзи на Волстрит. Резервите на нафта се намалиле […]

Што предвидува ЕК во Пролетните прогнози: Македонија со раст од 2,9 отсто годинава


Европската комисија во најновите Пролетни прогнози предвидува раст за Северна Македонија од 2,9 отсто оваа година и 3 отсто во 2025 година, како и намалување на инфлацијата на три отсто годинава и 1,9 отсто иднарта година. Сепак, кд ЕК предупредуваат дека прогнозираните стапки за раст на БДП годинава би можеле да дојдат во прашање доколку […]

Самит „Македонија 2025“: Иднината е тоа што самите ќе го создадеме


  Тринаесеттиот Самит на „Македонија 2025“, организација која ја спојува дијаспората со татковината, кој денеска почна во Скопје, упати силна порака да се впрегнат сите сили за постигнување економски раст од 5 отсто годишно со цел да се придвижиме кон развиените економии. Учесниците на Самиот, меѓу кои има бројни видни бизнименси од светот, и домашни […]