Царините го земаат данокот во САД: „Џенерал моторс“ има голем пад во профитот


  Нето-приходот на „Џенерал моторс“ се намали за 35 отсто во вториот квартал и покрај силните добивки од продажбата, бидејќи царините за автомобили на претседателот Трамп го оптоварија најголемиот производител на автомобили во САД. И покрај падот на профитот, резултатите на GM ги надминаа проценките на Волстрит за приходите и прилагодениот оперативен приход. Компанијата ги […]

УЈП: Поднесени 40 отсто од ДДВ-04 пријавите, рокот истекува на 25 јули


   Даночните обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за тековниот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите е петок (25 јули), соопштија денеска од Управата за јавни приходи. -Досега, од очекуваните 41.171 ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 16.015, што е близу 40 отсто […]

Гувернерот Славески ќе оди во Банката на Англија да провери дали е таму монетарното злато на Македонија


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески денеска се пошегува и изјави дека на есен ќе оди во Банката на Англија да провери дали е таму монетарото злато кое е дел од девизните резерви на нашата земја и кое што е доверено на чување во оваа реномирана финансиска институција. Тој ова го рече при посетата во […]

Кој добива, а кој губи со ребалансот на Буџетот: Министерката Димитриеска Кочоска го образложи предлогот пред пратениците


Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, институциите и стопанството, и се во согласност со макроекономските движења и реализацијата во првата половина на годината. Овие измени не го менуваат суштински нашиот пристап, туку го подобруваат, оптимизираат и прилагодуваат Буџетот кон приоритетите – сервисирање на клучните обврски, подобра […]

Полска откри едно од најголемите нафтени полиња во Европа во последните 10 години


„Централ Јуропиан Петролеум“ (CEP) оваа недела објави дека е откриено најголемото конвенционално нафтено поле во Полска и едно од најзначајните во Европа во последната деценија, кое се наоѓа покрај брегот на Балтичкото Море на оваа централноевропска земја, објавува Euronews. Откритието е направено на бунарот Волин Ист 1 (WE1) на CEP, на околу шест километри од […]

Владата и „Казанџи холдинг“ потпишаа меморандум за разбирање за енергетски проект вреден до 1 милијарда евра


Премиерот Христијан Мицкоски и Шабан Џемил, претседавач на Казанџи Холдинг АС, денеска потпишаа Меморандум за разбирање, со што се отвора патот за реализација на стратешки енергетски проект вреден до 1 милијарда евра кој има за цел да ја зајакне енергетската независност и стабилност на државата. -Испраќаме јасен сигнал дека имаме волја да го обезбедиме својот […]

Мицкоски со нов став за пензиите: Процентуалното зголемување ќе се распредели подеднакво на сите


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска го модифицираше ставот за зголемување на пензиите – наместо претходно бомбастично најавените во интервју за Канал 5 илјада денари во септември и исто толку во март идната година, тој сега вели дека износот од процентуалното зголемување ќе се распредели на сите пензионери подеднакво. Ова е трето менување на ставот на […]

Дигиталните банкарски измами сѐ почести, не споделувајте ПИН, лозинка или друг чувствителен податок (видео)


„Доколку добиете сомнителен повик, порака или е-пошта, првиот чекор е да го проверите изворот – дали навистина доаѓа од вашата банка или од надлежна институција. Никогаш не отворајте е-врски, не преземајте прилози и не споделувајте лични податоци. Банките нема да побараат ПИН, лозинка или друг чувствителен податок преку телефон или е-пошта. Најбезбедно е веднаш да […]

Исплатена првата граѓанска обврзница и каматата од 5 отсто за втората година, средствата легнати на сметките на 1.448 граѓани


Министерството за финансии изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената прва Грѓанска обврзница. На сметките на 1448 граѓани, кои на аукцијата објавена во 2023 година запишаа граѓански обврзници се исплатени 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од […]

Балонот на вештачката интелигенција е полош од дот-ком, предупредува економисти


Аналитичарите со години предупредуваат дека вештачката интелигенција би можела да биде следниот голем пазарен балон. Огромната возбуда околу вештачката интелигенција, поттикната од нереални очекувања и огромни инвестиции, би можела да заврши со колапс ако ветувањата на индустријата се покажат како претерани. Најновото предупредување доаѓа од Торстен Слок, главен економист во Apollo Global Management, кој тврди […]

Нови рекорди на Волстрит


На Волстрит, индексот S&P 500 достигна ново рекордно ниво, како и Насдак, што најмногу се должи на порастот на цените на акциите на неколку технолошки компании пред објавувањето на нивните деловни резултати. Дау Џонс изгуби 0,04 проценти, на 44.323 поени, додека S&P 500 порасна за 0,14 проценти, на 6.305 поени, а индексот Насдак за 0,38 […]

Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција достигна речиси 100 милијарди долари


Вредноста на кинеската индустрија за вештачка интелигенција (ВИ) минатата година достигна 700 милијарди јуани (околу 97,5 милијарди долари), со стабилен годишен раст од 20 отсто, покажува денеска објавениот извештај на Кинескиот центар за информативни мрежи (ЦННИЦ). Кинеската ВИ алатка „Дип сик“ само 20 дена по објавувањето привлече повеќе од 30 милиони активни дневни корисници и […]

Мицкоски сака пет, а не една потрошувачка кошница


Премиерот Христијан Мицкоски денеска предложи да има пет потрошувачки кошница, за разни категории население, а не една како што сега. Тој смета дека треба да има одделни потрошувачки кошница за самци, за млади брачни парови, за тричлено  и четиричлено семејство и за пензионер.  “Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошница […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги турна граѓаните во сиромаштија


Опозициската СДСМ денеска ја обвини власта дека ги осиромашува граѓаните, откако ССМ ги објави најновите податоци за синдикалната минимална кошница.  Животот станува уште поскап, инфлацијата притиска а куповната моќ на граѓаните е срушена”, вела од СДСМ. Синдикалната минимална кошничка за јули е повторно зголемена и достигна 65.328 денари, што е  нов удар по џебот на […]

Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница


Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година е на дневен ред како прва точка на утрешната пленарна 62. седница на Собранието, информира на денешниот брифинг со новинарите претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Расправата по дополнетиот ребаланс може да трае пет дена. Седницата, како што се наведува на собраниската веб страница, […]

Зајкова: ЛДП по трет пат ќе ги поднесе измените на Законот за платежни услуги и платни системи


Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, денеска најави дека повторно, по трет пат ќе ги поднесе измените на Законот за платежни услуги и платни системи, со кој се намалуваат и укинуваат неоснованите банкарски трошоци кои банките им ги наплаќаат на граѓаните. – Конечно после две години постојано говорење и […]

Синдикалната кошница “изгор”, за еден месец поскапе 630 денари, сега е 65.328 денари


Вредноста на синдикалната минимална кошница за домаќинство за јули 2025 година изнесува 65.328 денари и е зголемена за 630 денари во однос за претходниот месец (јуни 2025) кога изнесуваше 64.698 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија.  Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, додава ССМ, кошницата изнесува 80 703 денари. Вредноста на […]

Пониски цени на бензините од полноќ


Од ноќеска се намалуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50  денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 денари/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Мотор-ен […]

Во јуни: Годишен раст од 12,9 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка


Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 12,9%, којшто во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.   На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Сингапур е најскапиот град во светот трета година по ред


Сингапур го задржа првото место на листата на најскапи градови во светот трета година по ред, според Извештајот за глобално богатство и начин на живот за 2025 година објавен од швајцарската банка Julius Baer. Извештајот е базиран на индексот за начин на живот Julius Baer, кој ги споредува релативните трошоци за кошничка од 20 производи […]