Саудиска Арабија и Русија не го зголемуваат производството на нафта


Група членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници објавија дека имаат намера да одржат стабилно снабдување до крајот на есента, сигнализирајќи континуирана соработка по завршениот циклус на доброволно намалување на производството.  Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман на вчерашниот онлајн состанок одлучија дека ќе го одржат производството […]

Домувањето станува привилегија на побогатите во Европа


Домувањето сè повеќе станува привилегија на побогатите граѓани на Европската Унија. Според Евростат, статистичката канцеларија на Европската унија, само во вториот квартал од 2026 година цените на куќите во ЕУ пораснале за 4,7 отсто, додека кириите се зголемиле за 3 отсто во споредба со вториот квартал од 2025 година. Во однос на првите три месеци […]

ЕЦБ предлага ублажување на правилата за малите банки во еврозоната без да се ослабне нивниот надзор


Европската централна банка (ЕЦБ) презентираше серија предлози за ублажување на регулаторните и надзорните барања за малите банки во еврозоната, нагласувајќи истовремено дека нема намера да ги ослаби заштитните мерки воспоставени по финансиската криза во 2008 година. Иницијативата доаѓа во време на обновена дебата за банкарскиот надзор по пропаѓањето на американските регионални банки Силикон Вали Банк […]

Си-Ен-Би-Си: Преживеаја војни и кризи, но не и 2026 година – Јапонски компании со стогодишна традиција исчезнуваат со рекордно темпо


Јапонија е позната по голем број компании кои работат повеќе од еден век, но токму таквите компании сега пропаѓаат со рекордно темпо, јави Си-Ен-Би-Си. Во првите осум месеци од оваа година, 112 јапонски компании постари од 100 години банкротираа, според податоците од истражувачката куќа Teikoku Databank. Доколку тоа темпо продолжи, 2026 година би можела да […]

Стопанската комора ќе предложи измени на Законот за празниците поради влијанието врз економијата


Стопанската комора денеска ќе ги презентира своите предлози за измени на Законот за празниците, во насока на оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност. На прес-конференција на тема „Празниците во Македонија и нивното влијание врз економијата“, Комората ќе ја претстави анализата на постојниот систем на празници во државата, како […]

Почнуваат обуките за самовработување и претприемништво на ИНОВА и Агенцијата за вработување


Почетокот на обуките во рамки на мерката „Поддршка за самовработување – претприемништво“, која ја спроведува Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА во соработка со Агенцијата за вработување, ќе биде означен денеска во Општина Аеродром. На настанот ќе се обратат градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, […]

Осмото издание на Vranec World Day денеска во КИЦ Скопје


Осмото издание на Vranec World Day ќе собере дваесетина винарии и љубители на виното вечерва од 17 часот во Културно-информативниот центар во Скопје, во чест на Вранецот, една од најпрепознатливите македонски вински сорти. На винскиот салон посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни стилови на Вранец, но и други вина од портфолијата на винарниците учесници. […]

Фискалниот совет ќе ги претстави анализите за одржливоста на пензискиот систем и состојбите во Вториот пензиски столб


Финансиската и демографската одржливост на пензискиот систем, како и можните насоки за негови реформи, ќе бидат во фокусот на презентација што денеска ја организира Фискалниот совет. На настанот ќе бидат претставени најновите анализи и проекции за идниот развој на пензискиот систем во Северна Македонија, со посебен осврт на функционирањето и перформансите на Вториот пензиски столб. […]

СДСМ: Ребаланс бидејќи нема пари


Мицкоски вчера рече од следната недела горивата поевтинуваат. Македонија е енергетски стабилна. Европа ги отвора резервите, кај нас нема проблем. Во превод од досегашната пракса: кога тој најавува намалување, цената оди нагоре. Така беше со мерките на почетокот на кризата. СДСМ бараше веднаш: целосно укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5%, заштита на основните […]

„Алкалоид“ со ласерски спектакл го одбележа 90-годишниот јубилеј во НОБ (фото)


Во  фоајето на Националната Опера и Балет, „пресоблечено“ во свечено руво, и на сцената со невиден ласерски спектакл, во присуство на државниот врв, претставници на дипломатскиот кор и бројни гости од сите сфери на живеење, Алкалоид го одбележа својот голем јубилеј – 90 години постоење, раст, визија и посветеност.     Приказната за „Алиса во […]

„Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ – со стабилен изглед


Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ – со стабилен изглед. Во најновиот извештај, Aгенцијата оценува дека перспективите за економски раст, умереното ниво на јавниот долг и одржливите трошоци за сервисирање на долгот ги ублажуваат ризиците поврзани со високите фискални дефицити. Како што соопшти Министерството за финансии, […]

Мицкоски очекува поевтинување на дизелот и бензинот следната недела


На денешниот увид на работите со изградбата на мостот „Љубљанска“ на кејот на Вардар во Општина Карпош, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува поевтинување на дизелот и бензинот следната недела. „Очекувам, според анализата на берзите како се движеа минатата недела, да имаме поевтинување на дизелот и бензинот следна недела, бидејќи тоа во Владата го анализираме […]

Македонското пиво најмногу се пие во Косово и Албанија


Македонија во првите седум месеци од годинава извезла 7,1 милиони литри пиво, што е повеќе отколку во текот на целата 2025 година, кога извозот изнесувал 6,15 милиони литри. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека по минатогодишниот пад на производството, годинава пиварската индустрија бележи значително подобрување на извозните резултати и позитивен трговски биланс. По […]

Храната во Македонија поскапела 46 отсто за пет години


Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Македонија во последните пет години бележат значителен раст, но паралелно со нив се зголемиле и примањата на граѓаните. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), храната во август 2026 година била за 46 отсто поскапа во однос на август 2021 година, додека во истиот период минималната […]

Батериските системи во фокусот на стручниот придонес на ФЕРО ИНВЕСТ на „ЕНЕРГЕТИКА 2026“


ФЕРО ИНВЕСТ и ЕМС (Energy Maintenance Solutions) учествуваа на Меѓународната конференција „ЕНЕРГЕТИКА 2026“ на ЗЕМАК во Струга, каде дел од стручниот придонес на компаниите беше насочен кон една од најактуелните области во енергетиката – батериските системи за складирање на електрична енергија и нивната интеграција со производството од обновливи извори. Во рамките на конференциската програма, Стефани […]

„Амазон“ вложува над милијарда долари за да го намали влијанието на своите дата-центри врз струјата и водата во САД


Одделот за облак услуги на „Амазон“ денеска соопшти дека во следните пет години ќе инвестира повеќе од една милијарда долари во заедниците во САД каде што компанијата има центри за податоци, ветувајќи дека ќе работи на намалување на нивното влијание врз потрошувачката на електрична енергија и вода. „Амазон веб сервисис“ (AWS) соопшти дека инвестициите објавени […]

Земјите од Г7 ќе интервенираат со 100 милиони барели нафта и дизел


Земјите од Г7 во рок од четири месеци ќе пуштат на пазарот до 100 милиони барели сурова нафта и дизел од своите стратешки резерви, со цел ублажување на пазарните притисоци и намалување на цените на горивата – соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон по видеосостанокот на лидерите на групата. Тој истакна дека мерката ќе се […]

Во кои земји можете да се купи повеќе храна со минимална плата отколку пред пет години?


Цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемија во просек за 34 проценти во Европа и Европската Унија помеѓу август 2021 и август 2026 година, според податоците на Евростат анализирани од Euronews Business. Највисоко зголемување е забележано во Унгарија, каде што цените се зголемија за 57 проценти, по што следат Бугарија со 54 и Романија […]

PR и комуникациски агенции од над 30 земји во Скопје: AI носи промени, но човечкиот фактор останува клучен


Вештачката интелигенција не го менува само начинот на кој работат комуникациските професионалци, туку и начинот на кој се креираат услуги, се организира работата и се размислува за идниот развој на агенциите. Тоа беше еден од заклучоците од регионалниот самит на PROI Worldwide, кој вчера и денеска се одржа во Скопје, со учество на 52 претставници […]

Стопанска банка свечено го отвори своето ново седиште (фото)


Стопанска банка со свечена гала-церемонија, на која присуствуваа околу 300 гости, официјално го одбележа отворањето на своето ново седиште, означувајќи почеток на ново поглавје во својата повеќе од осумдецениска историја. Под мотото „Обележје за иднината. Уметност во создавање на утрешнината“, вечерта понуди уникатен спој на музика, театар, танц, гастрономија и визуелна уметност. Концептот ја отслика […]