Станбените кредити ќе се одобруваат најмногу на 25 години, хипотекарните потрошувачки на 15, одлучи НБМ


Од 1 декември годинава банките ќе може да одобруваат станбени кредити со рок на отплата најмногу до 25 години, а не до 30 како до сега. Истовремено, се заоструваат и условите за износот на ратата, која во иднина за кредитите во денари ќе може да биде најмногу 45 отсто од примањата, или 40 отсто оние […]

Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги забрзуваат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување


Министрите за енергетика на Македонија, Србија, Грција и Бугарија идната недела во Србија ќе одржат втор министерски самит, во чиј фокус ќе бидат конкретните чекори за продлабочување на регионалната енергетска соработка, забрзување на инфраструктурните проекти и зајакнување на сигурноста и отпорноста на енергетските системи. Според Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), средбата е […]

Цените на горивата во Германија нагло паднаа по намалувањето на даноците


Цените на горивата нагло паднаа низ поголемиот дел од Германија во четврток откако второто намалување на данокот на гориво во годината, наменето за олеснување на товарот врз возачите откако трошоците за енергија скокнаа по почетокот на војната со Иран, стапи на сила на полноќ. Тромесечното намалување на данокот на енергија има за цел да ја […]

Дизелот може да достигне 3 евра: САД се закануваат со блокада на извозот, Европа повикува на координиран одговор


Европските земји се согласија за координиран одговор на притисокот од САД за ослободување на стратешки залихи на дизел, додека Вашингтон размислува за забрана за извоз на горивото. Евентуалното ограничување би можело дополнително да ги зголеми цените на горивата и да влијае на европскиот патен транспорт и синџири на снабдување. Франција, Германија, Велика Британија, Италија, Ирска […]

Намален бројот на работниците во индустријата


Бројот на работниците во индустријата периодот јануари – август 2026 во однос на истиот период лани е намален за 2,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во август годинава, пак, споредено со август 2025-та, бројот на работниците во индустријата е намален за 3,0 отсто. Во секторот Рударство и вадење камен бројот на работниците се намалил […]

Славески: Структурните реформи можат значително да ја забрзаат конвергенцијата кон ЕУ


Проценките покажуваат дека комбинацијата од реформи во областите на пазарот на трудот, човечкиот капитал, деловното окружување и доброто управување има потенцијал да го зголеми БДП на земјава за околу 14 проценти, доколку се затвори половина од јазот којшто постои во однос на водечките економии од Централна, Источна и Југоисточна Европа. Ова го порача гувернерот на […]

Велика Британија во разговори со ЕУ за резервите на дизел


Велика Британија учествува во разговорите во Брисел на кои се бара решение за кризата со горивата, во услови кога цените на дизелот нагло растат, а американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе побара од европските земји да ги ослободат своите резерви. Британскиот министер за енергетика, Мартин МекКлуски, вчера учествувал во разговорите со претставници на Ирска, […]

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост


Стопанската комора соопшти дека денеска во Женева ја добитнила наградата ISAR HONOURS на UNCTAD за 2026 година, поминувајќи ги сите сите филтри преку систем на одлучувачкото гласање за наградата. Со ова Комората добива интернационално признание за своите заложби за подигање на свесноста и имплементацијата на овие стандарди кај приватниот сектор. Оваа награда има за цел […]

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите: Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало


Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони – простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го менуваат маалото на подобро. Токму на стартот на академската година, Дебар […]

ЕУ е дарежлива за членките: Хрватска доби 800 милиони евра грант за изградба на втор колосек за 83 км пруга


  Инфраструктурата е во фокусот на економските вести денеска – во Брисел се одржува значаен глобален настан „Денови на поврзување на Европа, на кој учествува вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, а во Загреб денеска беше потпишан договор за реновирање на постојната железничка линија и изградба на втор колосек на делницата од Дуго Село […]

МЕРМС, Геолошкиот завод и УГД со заеднички иницијативи за геотермална енергија, критични минерални суровини и геолошки истражувања


Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се одржа координативен состанок со претставници на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Геолошкиот завод, на кој беа разгледани можностите за заедничко учество во европски истражувачки проекти, како и иницијативи за унапредување на геолошките истражувања и подобро искористување на минералните и геотермалните ресурси во државата. Централна тема […]

Кина го суспендираше извозот на гориво


Кинеските рафинерии го запреа извозот на нафтени производи во сите региони освен во Хонг Конг и Макао, изјавија за Ројтерс четири информирани извори, што дополнително ги оптовари светските пазари кои веќе беа недоволно снабдени од војната во Иран. Пекинг го ограничи извозот на гориво во март откако почетокот на американско-израелската војна против Иран ги прекина […]

Големите даночни обврзници учествуваат со над 40 отсто во остварените даночни приходи


Дирекцијата за големи даночни обврзници, основана пред 20 години како крупна реформа во даночната администрација, денес има значајна улога во даночниот систем на државата. Големите даночни обврзници учествуваат со над 40% во остварените даночни приходи, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска во денешното обраќање на настанот по повод 20 години од основањето на Дирекцијата. […]

САД им се заканија на Германија и Франција со забрана на извозот на дизел доколку не ги ослободат своите резерви


Владата на САД ги предупреди Германија и Франција под итно да ги ослободат резервите на дизел за да помогнат во намалувањето на глобалните цени на горивата или да се соочат со потенцијална забрана на САД за извоз на овој дериват, изјавија тројца функционери за Ројтерс. Предупредувањето претставува ескалација на притисокот врз Европа од страна на […]

Хотелите во ЕУ можат да понудат пониски цени од Букинг.ком


  Платформата Букинг.ком (Booking.com), по регулаторен дијалог со Европската комисија, воведе дополнителни промени што им даваат на хотелите и другите сместувачки капацитети во Европската економска зона поголема слобода во одредувањето на цените и повеќе информации за начинот на кој функционираат програмите и рангирањата на таа платформа. Новите мерки, сепак, се однесуваат исклучиво на објектите во […]

Филипче ја предупреди власта да не посегнува по парите од вториот пензиски столб


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, заедно со пратеничката група, ја предупреди власта да не посегнува по парите од вториот пензиски столб. Тој порача дека обидот да се користат пензиските заштеди на граѓаните ќе предизвика граѓански револт. „Ги предупредувам дека ќе се соочат со граѓански револт. На крај памет да не им […]

За осум месеци индустриското производство се зголеми само за 0,6 отсто, рударството во слободен пад


 Индустриското производство во периодот јануари – август 2026 година, во однос на истиот период лани е зголемено за 0,6 %, соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во август годинава, пак, е намалено за 1.9 % во однос на истиот месец во 2025. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 10.1 […]

Николоски најави целосна автопатска и железничка врска со Албанија до 2031-2032 година


Како земја на Балканот која нема излез на море, реализираме огромни инвестиции во развој и модернизација на двата европски коридори  8 и 10 што поминуваат низ Македонија. Работиме на изградба на автопати на Коридор 8, исто така градиме железница на источниот дел на овој коридор. Паралелно започнавме со изградба на брза пруга на Коридорот 10, […]

Судот го одобри преземањето на „Ворнер брос дискавери“ од страна на „Парамаунт“


Судот на Калифорнија ја одобри спогодбата меѓу „Парамаунт скајденс (Paramount Skydance)“ и американската сојузна држава Калифорнија (како и други држави), со што се отстранува последната пречка за финализирање на преземањето на „Ворнер брос дискавери (Warner Bros. Discovery)“. Вредноста на договорот изнесува 110 милијарди долари. Спојувањето ќе ги обедини „Си-би-ес њуз (CBS News)“, „Си-ен-ен (CNN)“, „Ејч-би-о […]

Предлогот на опозицијата за поголема минимална плата пред матичната собраниска Комисија


Пред собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика беше образложен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата поднесен од пратеници од опозицијата. Поради одржување на закажаната пленарна седница, претседателот на Комисијата, Бојан Стојаноски, по образложувањето на Предлог-законот, ја прекина седницата и најави дека таа ќе продолжи во текот на денот, […]