Се повеќе кражби на гориво во Германија


Поради високите цени на горивата во Германија, бројот на кражби на бензинските пумпи се зголемува, поради што некои сопственици почнаа да ги затвораат своите објекти ноќе. Информациите ги објави Германското здружение на оператори на бензински пумпи. Според нивните изјави, и помладите и постарите граѓани крадат гориво. „Психолошкиот праг за кражба очигледно падна бидејќи цените се […]

Конференција Connected by Xiaomi во Скопје: Зајакнување на партнерствата и натамошно позиционирање на македонскиот пазар


Компанијата Xiaomi организираше конференција во соработка со овластениот дистрибутер EWE Дистрибуција од Скопје, со цел дополнително зајакнување на присуството на македонскиот пазар и унапредување на соработката со локалните партнери. Настанот ги обедини клучните претставници од индустријата, медиумите и дистрибутивната мрежа, а фокусот беше ставен на понатамошниот развој на екосистемот на производи на Xiaomi и неговото […]

Битолската индустриска зона „Жабени“ дел од индустриските зони од Западен Балкан


Градоначалникот на Битола Тони Коњановски попладнево во Будва, Црна Гора, потпиша Меморандум за разбирање помеѓу индустриските паркови/зони од регионот на Западен Балкан и Европската Унија. Церемонијата на свечено потпишување се одржа во рамки на претседавањето на Црна Гора со Берлинскиот процес за 2026 година и го означува официјалниот почеток на партнерството меѓу индустриските паркови/зони од […]

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа, минатиот месец бележи раст на патничкиот сообраќај од 34,8 отсто


Македонија се најде меѓу европските пазари со најголем раст на патничкиот воздушен сообраќај во август оваа година, според извештајот на Европското здружение на аеродроми ACI EUROPE, објавен денеска за воздушниот сообраќај за август 2026 година споредено со истиот месец лани, заедно со анализа на движењата во сообраќајот во двата најфреквентни месеци од летната сезона.  Скопскиот […]

Петрова: Предизвик е да создадеме систем во УЈП што знае што да прави со податоците од ВИ


Примената на вештачката интелигенција и аналитичките алатки во даночната администрација треба да биде придружена со јасни цели, квалитетни податоци и одговорност за донесените одлуки, истакна директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, на седмата Германско-македонска конференција за контролинг, што денеска се одржа на Хајделберг Факултетот во Скопје. Како што стои во соопштението на УЈП, […]

Русија ја продолжува забраната за извоз на дизел


Руската влада ја продолжи забраната за извоз на дизел за производителите до крајот на октомври, наведувајќи го како приоритет снабдувањето на домашниот пазар, објави Интерфакс. „Одлуката е донесена за да се одржи стабилна ситуација на домашниот пазар на гориво“, соопшти владата, наведувајќи ја зголемената побарувачка за гориво за време на сезоната на жетва. На трговците […]

Протест на сточарите и земјоделците во Пелагонија: Барања до премиерот Мицкоски и буџет од 200 милиони евра


  БИТОЛА – Земјоделците денеска излегоа на протест во Пелагонија и целото незадоволство и решавањето на проблемите го адресираа директно до премиерот Христијан Мицкоски, велејќи дека веќе не сакаат да комуницираат со министерот за земјоделство.  Земјоделците од протестот побараа и тие да учествуваат во креирањето на  програмата за субвенционирање на аграрот и кажаа дека ќе […]

Дурмиши на конференција на Берлинскиот процес во Будва: Регионалниот пазар носи конкретни резултати за компаниите


Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши учествуваше на конференција во Будва и на министерски состанок во Цетиње, во рамките на Берлинскиот процес. На двата настана се разговараше за зајакнување на Заедничкиот регионален пазар и за забрзување на економското приближување на Западен Балкан кон Европската Унија. Дурмиши истакна дека регионот веќе има индустриски капацитети, квалификувана […]

Шок во Германија: Се затвора пиварница со 400-годишна традиција


Германската пиварница Волтерс се затвора по четири века работење, станувајќи последна во низата германски пиварници што ги затворија своите врати поради намалена побарувачка. Портпаролката на адвокатската канцеларија Екерт, која ги води постапките за банкрот на пиварницата, во вторникот изјави дека околу 90 вработени биле информирани за затворањето на објектот во Брауншвајг. Градоначалникот на Брауншвајг, Торстен […]

„Алкалоид“ 90 години расте, инвестира и извезува


Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во посебен напис се осврнува на значајниот јубиле на „Алкалоид“, една од најзначајните компании во Македонија. Текстот на Азески го пренесуваме ингерално: „Деновиве едно од нашите најуспешни компании слави 90 години од своето постоење. Помина низ три држави, неколку различни системи и секогаш беше во врвот на македонската економска […]

Мицкоски најави можен ребаланс, мерките за горивата ќе го чинат Буџетот 6-7 милијарди денари


Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека до крајот на годинава е можен уштге еден ребаланс на Буџетот, по оној кој беше донесен во јули годинава. Ова, како што рече Мицкоски, е поради помалку прибраните средства од акцизи и ДДВ а кои што според проценките на Владата, до крајот на годинава ќе достигнат 6-7 милијарди денари […]

По речиси 50 години ТС „Дуброво“ конечно впишана во државна сопственост


По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО, во државна сопственост. Со тоа се создаваат услови за сигурно одржување, модернизација и натамошен развој на една од клучните точки на преносната мрежа. […]

„Макстил“ донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ, современа опрема за идните инженери


Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите. Инструментот беше промовиран на отворањето на лабораторијата, со што донацијата стана дел од секојдневните услови за настава и истражување на факултетот. Донацијата е дел […]

Фич: Кредибилната монетарна политика и стабилниот банкарски систем се клучни фактори за економската стабилност


Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност. Фич воедно […]

Македонија увезува лубеници иако ги има и за извоз


Производството на бостан (дињи и лубеници) во земјава во последните десетина години се движи на околу 130 илјади тони. Со бостан лани биле засадени 4 999 хектари површина со вкупно производство од 132 323 тони, или во просек по 26 566 килограми по хектар. Анализата на МИА на податоците на Државниот завод за статистика, покажува […]

Трамп објави „морално обврзувачки“ договор со Google, Meta, OpenAI и Маск


Вашингтон – Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа со шефовите на најголемите технолошки компании потпиша „морално обврзувачки“ документ за вештачката интелигенција (ВИ). „Тоа на некој начин е како устав и го потпишаа најголемите луѓе во светот, го потпишав и јас како претседател и тоа навистина е еден вид заштита“, изјави Трамп пред новинарите по состанокот. Документот […]

Кој ќе го преземе германскиот енергетски гигант?


Германскиот енергетски гигант RWE и инвестициската компанија KKR се здружија, според информирани извори, за да поднесат необврзувачка понуда за преземање на германската енергетска компанија Uniper, која моментално е во мнозинска државна сопственост. Според информациите од агенцијата Bloomberg, до крајниот рок минатата недела, необврзувачки понуди поднесоа норвешката енергетска компанија Equinor, како и инвестициската компанија Brookfield (Brookfield […]

Се зголемува количеството превезена нафта низ Ормускиот теснец


Количината на нафта што минува низ Ормуската теснина се зголемува и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивоата пред војната, изјавија од аналитичката компанија на „Вортекс“ за германската новинска агенција ДПА. Бројката се однесува и на течниот природен гас (LPG) и дериватите како што е бензинот. Во споредба со периодот пред војната, околу […]

Фон дер Лајен најави Европска транспортна унија, ќе се инвестираат 50 милијарди евра во мрежи


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен,  повика на создавање на Европска транспортна унија и објави предлог за удвојување на европските инвестиции во транспортната инфраструктура на повеќе од 50 милијарди евра во следниот долгорочен буџет на Европската унија. Обраќајќи се пред учесниците на конференцијата „Денови на поврзување на Европа 2026“, Фон дер Лајен нагласи […]

Скопје Сити Мол слави 14 години: Од 30 септември до 4 октомври богата програма, креативни активности и огромни попусти


Од 30 септември до 4 октомври, посетителите на Скопје Сити Мол ги очекуваат пет дена исполнети со музика, креативни работилници, игри, забава и активности за различни генерации, а роденденскиот викенд носи и огромни попусти во продавниците. Скопје Сити Мол го прославува својот 14-ти роденден, а по повод роденденот подготви богата програма која ќе го исполни […]