Компаниите ќе се запознаат со можностите што ги нудат новите дигитални услуги
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска пред компаниите членки на Стопанската комора, ќе ги презентра достапните дигитални услуги, решенија и можности што им стојат на располагање на компаниите.
На средбата, иницирана од на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, претставниците на бизнис секторот ќе имаат можност да добијат информации за практичните придобивки од користењето на новите дигитални услуги и нивното влијание врз поедноставување на административните постапки и унапредување на ефикасноста во работењето.
На заедничка маса, со активно учество на претставници од органите и телата, низ дискусија и размена на информации и искуства, Комората има за цел активно да продолжи да придонесува во градењето на технолошко напредно општество и заеднички да се создаваат подобри можности за дигиталната трансформација неопходно потребна на бизнис секторот и за целокупната наша економија.са