Објавен коефициентот на економска нееднаквост во распределбата на приходите: Еве каде е Македонија


 

Коефициентот што ја покажува статистичката мерка за економска нееднаквост во распределбата на приходите меѓу населението – коефициентот Џини, е 29,2 за Македонија во 2024 година, Толкав бил во просек коефициентот и во Европската Унија (исто така 29,2), но во 2025 годоина според податоците објавени денес од Европскиот завод за статистика – Евростат.

Коефициентот Џини претставува статистичка мерка за економска нееднаквост во распределбата на приходите меѓу населението, каде што вредноста нула се смета за целосна еднаквост, а сто се смета за целосна нееднаквост, каде што едно лице го добива целиот приход. Во 2025 година, коефициентот Џини на ЕУ беше 29,2, што е малку помалку од 29,4 во 2024 година. 

Според податоците на Евростат, Словачка имаше најдобар коефициент – 23, а меѓу водечките земји од ЕУ се Белгија (23,4), Чешка (24), Словенија (24,6) и Полска (24,9).

Земјата со највисок коефициент на нееднаквост е Бугарија со 37,7, по што следат Латвија со 35,6 и Литванија со 35,5.

Кога ќе ја погледнете графиконот, кој делумно го прикажува регионот на Западен Балкан, може да се види дека коефициентот за Србија во 2025 година бил 32, додека податоците за Црна Гора (31,6) и Северна Македонија (29,2) се од 2024 година, а за Албанија (30,2) од 2023 година.

Од земјите во регионот, Хрватска, која е членка на ЕУ, Џини индексот бил 28,5.