Почнува со работа европската автомобилска индустрија


Во Европа постепено почнува производството на автомобили, по повеќенеделниот прекин на производството поради епидемијата на новиот коронавирус. Најголемиот произведувач на автомобили во светот, германскиот „Фолксваген“ денеска повторно ја отвори фабриката во Волфсбург. Охрабрена од намалувањето на ширење на Ковид-19, Германија дозволи малите продавници повторно да се отворат, под услов да ги почитуваат строгите мерки за […]

Стопанската комора преминува кон онлајн конференции 


Стопанската комора на Македонија го приспособува целосно работењето кон новата ситуација наметната од корона вирусот и преминува кон одржување онлајн конференции и други настани.  За таа цел комората набави опрема и се претплати на еден од најквалитетните онлајн софтвери за видео-конференциски врски што обезбедува стабилна конекција за голем број учесници и истовремено организирање на повеќе […]

Кога нафтата стана отпад: допрва ќе дојде многу повеќе болка


Негативните цени на нафтата во САД се предвесник на мрачните денови што доаѓаат   Магнитудата на тоа колку е оштетена енергетската индустрија се претстави во целост на 20 април кога репер цената на американските нафтени фјучерси, која никогаш не падна под 10 долари за барел во својата речиси 40-годишна историја, падна на претходно незамислив минус […]

Секнуваат дознаките од странство, годинава се очекува пад од 20 отсто


Во 2017 година во Македонија се слеале 280 милиони долари дознаки од странство (2,6 отсто во однос на БДП), а во 2016 година 291 милион долари   Светска банка предвидува остар пад на дознаките од странство во 2020 година за околу 20 отсто, или за една петтина, како резултат на економската криза предизвикана од пандемијата […]

Странските инвестиции „пресушија“ поради Ковид -19, но по дождот можеби доаѓа сонце


Владите можат да постапат мудро и да воведат краткорочна заштита, но таа не смее да биде предозирана   Пред нешто повеќе од една година, „Инвест Чиле“ (InvestChile) – агенција за промовирање на странски директни инвестиции во јужноамериканската земја – им посака добредојде на 300 странски инвеститори од 21 земја во главниот град Сантјаго. На дводневниот […]

Германски министер предлага работењето од дома да биде законско право


Германскиот министер за труд Хубертус Хајл изјави дека планира да предложи воведување законско право на работа од дома во случаи во кои тоа е изводливо, со што тоа би станало можно и откако ќе заврши пандемијата на коронавирусот. Во изјава за весникот „Билд ам зонтаг“, тој рече дека таков закон сака да предложи на есен, […]

Ангеловска-Бежоска: НБ ќе ја одржи стабилноста на цените и на денарот


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, по повод 28 години од монетарното осамостојување на Македонија се обрати до јавноста со пригодно обраќање во кое зборува за функционирањето на Народната банка како самостојна централна банка, но и уште еднаш ја нагласи цврстата определба на НБ за одржување на стабилноста на цените и на стабилноста на домашната […]

Банките се подготвени за готовинската исплата на априлските пензии


Сите банки се подготвени од утре по групи да ја спроведат готовинската исплата на априлските пензии, соопшти Македонската банкарска асоцијација. „Заради заштита на здравјето, апелираме пензионерите кои не поседуваат дебитна картичка, при посетата во банка да поднесат барање за изработка на картичка што ќе биде поврзана со нивната банкарска сметка. Со тоа, нивните средства ќе […]

Повторно отворениот „Хермес“ во Кина за еден ден заработи 2,7 милиони долари


Кина–Дали реотварањето на продавницата на „Хермес“ во Гуангжу“, главен град на провинцијата Гуангдонг, кој е најбогатиот регион во Кинa, е барометар што ќе се случува со луксузниот шопинг по пандемијата? Продавницата наводно, остварила продажба од 2,7 милиони долари кога повторно се отворила, според WWD. Оваа бројка се верува дека е највисокиот дневен пазар за еден […]

Народната банка гарантира дека денарот ќе остане стабилен


Денарот одбележува 28 години, а надлежните уверуваат на негова стабилност и одржување стабилен курс. Пред 28 години на денешен ден се донесени повеќе закони со кои се создадоа предуслови за осмислување и примена на самостојна монетарна политика од страна на Народната банка. -Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Народната […]

Макам-транс бара прогресивен данок место поскапена акциза


Асоцијацијата на превозници Макам-транс бара укинување на Уредбата за зголемување на акцизата за три денари и воведување прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности. Макам-транс предлага 0,5 проценти данок на доход за сите правни субјекти кои лани имале добивка од 100.000 до 10.000.000 денари, еден процент данок на доход за тие со […]

Над 1.900 граѓани ги донирале парите од повратот на ДДВ


Над 1.900 граѓани досега одлучиле да ги донираат парите кои им се враќаат од повратот на платениот ДДВ, односно од скенираните фискални сметки. Корисниците на апликацијата Мој ДДВ можат да изберат дали ќе си ги задржат парите кои ќе се исплатуваат за скенираните сметки за првото тримесечје односно за јануари, февруари и март. Со донацијата […]

Ќе важат старите дозволи за движење на работниците и при промена на полицискиот час


Компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците до работните места со секоја промена на режимот на движење и периодот на траење на полицискиот час, туку ќе важат веќе издадените дозволи, соопшти владината прес-служба. -Владата на Република Северна Македонија на последниот кризен штаб донесе одлука со која се продолжува важноста […]

Сугарески: Продолжува изградбата на патиштата, гасоводот и другите инфраструктурни проекти


Реализирањето на проектите од инфраструктурата продолжува со несмалено темпо и ниту еден проект не е запрен поради пандемијата од коронавирус, рече денес на прес конференција министерот за транспорт Горан Сугарески. Презентирајќи ги податоците за првиот кватртал тој рече дека без патната инфраструктура, реализацијата нан проектите што се под Министерствот за транспорт изнесува 10 отсто, и […]

Франција го спасува „Ер Франс“ со седум милијарди евра


Француската влада синоќа објави дека со историски „седум милијарди евра“ ќе и помогне на авиокомпанијата „Ер Френс“, чија флота во голема мерка е приземјена поради забраната за патување поради пандемијата на коронавирусот. Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека владата „ќе одвои четири милијарди евра за спас на националната авиокомпанија“ во форма на […]

Фондот на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда е намален за 4,4 милиони денари


МојДДВ и МојДДВ #МојаНаграда во духот на солидарноста се приклучуваат кон борбата против Covid-19. Дел од фондот #МојаНаграда ќе се насочи кон борбата против Covid-19, така што дневните награди ќе се сведат на 10 награди по 500 денари, додека месечните извлекувања од по 100.000 денари за мај и јуни нема да се одржат. Граѓаните ќе […]

Заврши рокот за поплаки за 5Г во АЕК


Од почетокот на пандемијата АЕК не бележи зголемување на барањата за решавање спор од страна на претплатниците, кои се поврзани со квалитетот на услугите, вели во интервју за МИА Сашо Димитријоски, директор на АЕК. Домашни оператори, заинтересирани странски компании и граѓани до 20 месецов, кога истече рокот, доставиле мислења и забелешки до Aгенцијата за електронски […]

Компаниите го реорганизираат производството


Во компаниите се работи со заштитна опрема и дистанцирање во производството за безбедни производи на потрошувачите   Заштина опрема за работниците во производствените капацитети, обезбедување растојание од ,1,5 до два метра меѓу нив и по потреба во повеќе смени, се дел од мерките за заштита од ширење на коронавирусот што ги донесе Владата со уредба, […]

Се изготвува план за реотворање на економијата


Ќе се работи повторно, но со протоколи, а отворањето на економијата ќе оди чекор по чекор, постепено и зависно за кој сектор се работи   Се работи на изготвување план за реотворање на економијата, чекор по чекор, постепено, зависно за кој сектор се работи. Формиран е тим кој, како што објави министерката за финансии Нина […]