Клучен самит на ЕУ за планот за закрепнување вреден 750 милијарди евра


Дводневниот самит почнува утре, но не е исклучена можноста да продолжи до недела, а доколку нема договор, може да се очекува уште еден во текот на јули   Лидерите на земјите членки на ЕУ ќе се обидат да постигнат договор за повеќегодишен буџет и план за закрепнување на економијата од последиците од кризата со коронавирусот […]

ФАО и ОЕЦД: Поради пандемијата се очекува „пазарен шок“ кај земјоделските производи


Франција– Огромната понуда и намалената потрошувачка во услови на глобална рецесија се закануваат да предизвикаат „земјотрес“ кај земјоделските производи затоа што цените на храната веќе паѓаат, предупредуваат Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). „Макроекономските шокови предизвикани од пандемијата Ковид-19 се очекува да извршат притисок врз цените на земјоделските […]

„Фиат Крајслер“ и ПСА се спојуваат во „Стелантис“


Компанијата што ќе биде формирана со спојување на италијанско-американскиот „Фиат Крајслер“ и францускиот ПСА, сопственик на „Пежо“, ќе се вика „Стелантис“, објавија автомобилските гиганти. По планираното завршување на спојувањето во првиот квартал од 2021 година, имињата и логоата на брендовите-компоненти на новоформираната група ќе останат непроменети, се додава во заедничката изјава објавена во средата. Компаниите […]

Народна банка ја задржа основната каматна стапка и понудата на благајнички записи


Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на последната седница одлучи по намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, каматната стапка на благајничките записи  да се задржи на нивото од 1,5 отсто. -Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,5 отсто, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе […]

Туристичките објекти подготвени, граѓаните се мислат кога да ги искористат ваучерите


Хотели, приватни апартмани, автокампови, одморалишта и бањи, се дел од капацитетите низ земјава во кои може да летуваат или зимуваат граѓаните со приходи до максимум 15.000 денари месечно. Ова го овозможуваат ваучерите од 6.000 денари кои им се веќе испорачани и кои може да ги искористат до 15 декември годинава, а се дел од мерката […]

„Визер“ ги суспендираше летовите помеѓу Италија и Македонија


Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ денеска најави дека како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до Република Северна Македонија, ги суспендира сите летови помеѓу Италија и нашата држава до 31 јули. -Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација […]

Кина со раст од 3,2 отсто во вториот квартал годинава


Кинеската економија се врати на растот во вториот квартал по длабокиот пад на почетокот на годината, но домашната потрошувачка и инвестициите останаа кревки како резултат на корона кризата, што укажува на потребата за понатамошна политичка поддршка за зајакнување на закрепнувањето. Бруто домашниот производ на Кина (БДП) се зголеми за 3,2 проценти во вториот квартал во […]

Речиси две третини од Македонците редовно користат бесконтактни картички


Во однос на регионот, Македонија бележи многу добри резултати кога станува збор за бесконтактни трансакции, покажаа резултатите од регионалното истражување на компанијата Visa во рамките на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина“. Вкупната употреба на овој начин на плаќање со Visa картички порасна за околу 113 проценти во однос на март минатата година. За овие […]

Затворена австриската „Комерсиалбанк“ поради лажирање на билансот


Австриската банка „Комерсиалбанк Матерсбург“ доби налог веднаш да запре со работа поради лажирање на билансот и проневера. – Банката мора да се ликвидира, изјави претседателот на австриската покраина Бургенланд, Петер Доскоцил. Тој додаде дека поради лажирање на билансот голем број фирми и физички лица на крај ќе изгубат многу пари. Електростопанство на Бургенланд на сметката […]

„Дојче Бан“ нарача 30 ултра брзи возови од „Сименс“


Германија– Германскиот национален железнички оператор „Дојче Бан“ нарача 30 нови ултра брзи возови од „Сименс“ во вредност од милијарда евра. Новите „ICE“ возови ќе бидат пуштени во употреба од 2022 година, прво на релацијата меѓу западниот дел на земјата, провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, на север, и Минхен, на југ. Компанијата соопшти дека во наредните години за […]

„Хјундаи“ повлекува над 272.000 возила од САД


Јужна Кореја– Јужнокорејската автомобилска компанија „Хјундаи“ повлекува над 272.000 возила од САД поради проблеми со електричниот приклучок на инструмент таблата, кој може да прегрее и да предизвика пожар. Компанијата соопшти дека работи на отстранување на недостаткот и оти сопствениците писмено ќе бидат известени за повлекувањее на возилата. „Хјундаи“ ќе ги повлече автомобилите „Елантра“ и „Сната […]

Околу 25.000 работни места во „Американ ерлајнс“ загрозени поради пандемијата со Ковид-19


САД– Една од најголемите авиокомпании во светот „Американ ерлајнс“ најверојатно ќе испрати една-петтина односно 25.000 вработени на принуден одмор до октомври поради намалениот број на патувања поради пандемијата со Ковид-19. – Порастот на бројот на новозаболени лица и делумното заторање на некои држави доведоа до пад на домашните патувања во САД, се наведува во писмото […]

Европските држави го намалуваат ДДВ-то на туризмот, Турција најмногу


Хрватска– Единаесет европски држави одлучија  привремено да го намалат ДДВ-то на туристичките услуги со што сакаат барем привремено да му помогнат на туристичкиот сектор, што е меѓу најпогодените од пандемијата на коронавирусот,  пишува хрватскиот портал пари.хр. Според Европската асоцијација на хотели, ресторани и угостителски објекти (HOTREC), и Турција и Грција, меѓу другите, одлучиле да го […]

„Гардијан“ ќе отпушти до 180 вработени поради економскиот шок од пандемијата


Англија– Британски „Гардијан“ ќе отпушти до 180 вработени поради економскиот шок од пандемијата на новиот коронавирус. Преструктуирањето може да влијае на 110 места во одделите за продажба, рекламирање и маркетинг и 70 во редакцијата, пишува весникот на својата веб-страница. Според главната уредничка Кетрин Вајнер и извршниот директор на Гардијан Медиа Груп, Анет Томас, пандемијата довела до […]

С&П: Третина од фондот за обнова на ЕУ може да се обезбеди од зелени обврзници


Европска Унија би можела да обезбеди една-третина од средствата за фондот за обнова од кризата со Ковид-19 со издавање на зелени обврзници, за да ги привлече инвеститорите кои сакаат да финансираат проекти фокусирани на заштита на околината, сугерира агенцијата „Стандард и пурс“ (Standard & Poor’s). Неколку големи глобални инвеститори ги поддржаа апелите на еколошките активисти […]

Германската државна железница купува 30 супер брзи возови за 1 милијарда евра


Германската државна железничка компанија Дојче Бан (ДБ) порача 30 супер брзи возови од технолошкиот гигант „Сименс“ во вредност од милијарда евра, соопштија денеска компаниите. Со нарачката, капацитетот на ДБ ќе се зголеми за околу 13.000 седишта, се вели во заедничкото соопштение. Исто така, постои опција да се зголеми нарачката на ДБ за уште 60 возови. […]

Каде се најголемите банки во светот – доминација на Кина пред САД и Европа


Најголемите банки во светот се со седиште во Кина покажува годинашнава ранг листа на списанието „Банкер“. Така, според ова рангирање, Индустриската и трговска банка на Кина (Industrial & Comercial bank of China) со седиште во Пекинг е најголемата банка во светот во однос на средствата, депозитите, бројот на клиенти и бројот на вработени. Исто така […]

Судот на ЕУ ја поништи одлуката „Епл“ да биде оданочен со 13 милијарди евра во ирска


Ова е огромен пораз за моќната еврокомесарка Маргрет Вестагер, судиите ја отфрлија нејзината одлука за државната помош за 2016 година   Генералниот суд на ЕУ денеска донесе одлука дека Европската комисија незаконски ѝ наложила на Ирска да добие назад 13 милијарди евра неплатени даноци, плус камата од „Епл“. Судиите ја поништија одлуката за 2016 година […]

Крај на „лесни“ кредити во еврозоната – банките најавуваат построги услови во третиот квартал


Компаниите од еврозоната релативно лесно добиваа заеми во вториот квартал благодарение на владините гаранции, но банките очекуваат да ги затегнат условите за позајмување во третиот квартал, покажува истражувањето на Европската централна банка. Корона кризата стави под клуч голем дел од економијата во еврозоната, па компаниите повеќе се потпираа на банкарските заеми за да останат ликвидни, […]

Аирбнб повторно со пораст на резервациите


Онлајн платформата за резервации за сместување Аирбнб соопшти дека на 8 јули се регистрирани еден милион резервации ширум светот, со што повторно е достигнато претпандемичното ниво.„Голем дел од резервациите се поврзани со патувања што ќе започнат на 7 август или пред тој датум“, се наведува во соопштението на Аирбнб . Порастот на резервациите го појаснуваат со потиснатата […]