Каде се најголемите банки во светот – доминација на Кина пред САД и Европа


Најголемите банки во светот се со седиште во Кина покажува годинашнава ранг листа на списанието „Банкер“. Така, според ова рангирање, Индустриската и трговска банка на Кина (Industrial & Comercial bank of China) со седиште во Пекинг е најголемата банка во светот во однос на средствата, депозитите, бројот на клиенти и бројот на вработени. Исто така е рангирана на првото место и според обемот на капитал Тиер1. Активата на Индустриската и трговската банка на Кина надмина 4,3 трилиони долари на крајот на 2019 година, пренесува Банкар.ме.

И на следните три места исто така се банки од Кина – Кинеската градежната банка и Земјоделската банка на Кина (China Construction Bank и Agricultural Bank of China) се на второто и на третото место, а на четвртото е Банката на Кина (Bank of China).

На ранг листата на „Банкер“, според критериумот Тиер 1 следат американските банки „Џи-Пи Морган Чејс“ (JP Morgan Chase) на петтото, Бенк оф Америка (Bank of America) на шестото, „Велс Фарго“ (Wells Fargo) на седмото и „Сити груп“ (Citigroup) на осмото место.

Најголемата банка во Европа, британската ХСБЦ холдингс, е рангирана дури на деветтото место.

Во рангирањето на најголемите банки во Европа, пак, според истите критериуми, по ХСБЦ е француската Кредит Агрикол (Credit Agricole), потоа БНП Париба (BNP Paribas), Банко Сантандер (Banco Santander) и Груп БПЦЕ (Grouppe BPCE).

Баркли (Barclys) е рангирана пред УниКредит (UniCredit) на шестото место, Кредит Мутуел (Credit Mutuel) е осма, а Сосиете Женерал (Societe Generale) и Дојче Банк (Deutsche Bank) ги заокружуваат првите 10 во Европа.

Уникредит (на седмо мессто во Европа и 29-то во светот) е рангирана подобро од нејзината италијанска конкурентка, Интеса Санпаоло (Intesa Sanpaolo), која е на 15-то место на европската листа и на 39-то место во светот.

Руската Сбербанк, која е рангирана на 27 место во светот, го задржа првото место меѓу најголемите банки во Централна и Источна Европа.

Банкер“, кој е во сопственост на „Фајненшал тајмс“, е водечки светски банкарски и финансиски ресурс, кој се чита во повеќе од 180 земји. Магазинот годишно објавува листа на најдобрите 1.000 светски банки, препознавајќи ги лидерите на глобалната индустрија според нивните достигнувања. Банките се вреднуваат според капиталот Тиер 1, средствата, сооднос на капитал / средства, раст на реална добивка, поврат на просечен капитал и поврат на средства.