Околу 25.000 работни места во „Американ ерлајнс“ загрозени поради пандемијата со Ковид-19


САД– Една од најголемите авиокомпании во светот „Американ ерлајнс“ најверојатно ќе испрати една-петтина односно 25.000 вработени на принуден одмор до октомври поради намалениот број на патувања поради пандемијата со Ковид-19.

– Порастот на бројот на новозаболени лица и делумното заторање на некои држави доведоа до пад на домашните патувања во САД, се наведува во писмото на порачаа извршните директори на „Американ ерлајнс“ Даг Паркер и Роберт Изом

Во вториот квартл авиокомпанијата забележаа пад од 90 проценти на приходите.

„Американ ерлајнс“ доби 25 милијарди долари државна помош, а за возврат се обврза дека нема да го намалува бројот на вработени до крајот на септември.