С&П: Третина од фондот за обнова на ЕУ може да се обезбеди од зелени обврзници


Европска Унија би можела да обезбеди една-третина од средствата за фондот за обнова од кризата со Ковид-19 со издавање на зелени обврзници, за да ги привлече инвеститорите кои сакаат да финансираат проекти фокусирани на заштита на околината, сугерира агенцијата „Стандард и пурс“ (Standard & Poor’s).

Неколку големи глобални инвеститори ги поддржаа апелите на еколошките активисти од ЕУ за конторла дали плановите за обнова ќе бидат одржливи и ќе ги поддржуваат целите зацртани во Парискиот договор за климата.

Инвеститорите го поддржаа планот на ЕУ за формирање на фонд за обнова со 750 милијарди евра, со тоа што ќе го финансираат издавањето на обврзници. Според инвеститорите ако ЕУ се одлучи да издаде зелени обврзници, тогаш планот ќе биде поатрактивен.

С&П проценува дека со издавање на зелени обврзници би може да се соберат 225 милијарди евра односно околу една-третина од вкупниот износ.

Европска Комисија минатата недела предложи 30 проценти од фондот да се искористат за финансисрање на климатски прифатливи проекти.

Издавањето на европски обврзници би ја зголемил вредноста на зелените обврзници за околу