По договорот на ЕУ, еврото кратко достигна највисоко ниво во последните четири месеци


Девизниот курс на еврото кратко време достигна ново највисоко ниво во последните четири месеци на меѓународните пазари во вторникот, откако лидерите на ЕУ се согласија за дарежливиот пакет стимулации со кои ќе го помогнат закрепнувањето на економиите погодени од корона кризата. Еврото предпланево достигна 1,1470 долари, што е највисоко ниво од 9 март, а околу […]

Корона кризата ја намали добивката на „Кока-Кола“ за една третина


Компанијата „Кока-кола“ денеска соопшти дека во вториот квартал има пад на добивката за 33 отсто по акција на годишно ниво, но оти е регистрирано подобрување на побарувачката по ублажувањето на рестриктивните мерки во светот воведени поради пандемијата со Ковид-19. Нето заработката на „Кока-кола“ во второто фискално тримесечје изнесуваше 1,78 милијарди долари или 41 цент по […]

Продолженото породилно отсуство трае се до завршување на времените мерки за коронавирусот


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека на работничките кои се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство им трае се додека траат времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот. За да се обезбеди заштита и грижа за децата, посочуваат од Министерството, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот […]

Нафтата поскапе по позитивните вести за вакцина против Ковид-19


Нарачките за септември на нафтата „Брент“ за првпат по 9 март ја надминаа границата од 44 американски долари за барел, се гледа од тргувањата на Интерконтиненталата берза (ИЦЕ) со седиште во Атланта, Џорџија. Растот на цената на нафата се должи на позитивните резултати од испитувањата за вакцина против Ковид-19 и договорот за стимулација на економијата на […]

Синдикатот апелира до работниците да ги почитуваат мерките за ковид


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) апелира до работниците да ги почитуваат мерките за заштита на работното место во време на пандемија како што се често миење на рацете и користење средства за дезинфекција, држење физичка дистанца од два метра и избегнување контакт со заболено лице или лице кое се вратило од патување од земја со […]

Буџетскиот компромис на ЕУ преминува во Европскиот Парламент за зелено светло


Договорот постигнат рано изутринава за седумгодишниот буџет на ЕУ и Фондот за закрепнување треба сега да биде одобрен од страна на Европскиот Парламент, a претседателот Давид Сасоли најави „подобрување“ на пакетот, јави дописничката на МИА од Брисел. Европратеници в четврток ќе одржат вонредна пленарна седница, на која прво ќе дебатираат за постигнатиот компромис, по што […]

ЕВН: Фотоволтаичните системи сега се подостапни за бизнисите, преку кредит со 3 отсто камата


ЕВН и ПроКредит банка започнаа нова соработка преку која сите бизниси во државата ќе може да ги користат кредитите на ПроКредит банка за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН. Кредитната линија е наменета за сите правни лица и е со стимулативната каматна стапка од 3 проценти и 0 отсто провизија при исплата на […]

Граѓаните се задолжуваат за купување на станови, но се воздржуваат за автомобили


И во услови на пандемија граѓаните не се откажаа од потрошувачките и од станбените кредити, покажуваат најновите статистички податоци на Народната банка. Но, ова не важи и за автомобилските кредити, кои според истите податоци и во текот на јуни продолжија да стагнираат. „Во јуни, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити […]

Велика Британија се задолжи рекордни 162 милијарди долари


Задолженоста на британската Влада порасна за рекордни 128 милијарди фунти (162 милијарди долари) во првите три месеци од финансиската 2020/21 година, заклучно со јуни, за време на најстрогите мерки за ограничување на движењето поради Ковид-19. Тоа е повеќе од двојно од износот на задолжување во однос на истиот период минатата година. Повеќето економисти сметаат дека […]

ЕУ компромисот е на сметка на субвенциите и условите за владеење на правото


Пет дена и четири ноќи макотрпни преговори донесоа компромис помеѓу 27-те земји членки, кој сите страни го презентираат како успех за нивната држава, јавува дописничката на МИА од Брисел. Од 750 милијарди евра за Фондот за закрепнување, 390 милијарди ќе одат во форма на субвенции. Ова е далеку помалку од она што го застапуваа Германија […]

Ангеловска: И во криза платите се зголемија за 1.120 денари


Просечната нето-плата во мај 2020 година, или во сред КОВИД-19 кризата, е за 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот Фејсбук профил. „Просечната исплатена нето-плата е повисока и за 560 денари во однос на април 2020“, додаде таа. „Од почетокот на КОВИД-19 кризата Владата презема […]

Во Германија даночните приходи во јуни паднаа за 19 проценти


Кризата поради коронавирусот се рефлектира во Германија врз приходите што државата ги создава врз основа на даноци. Приходите од даноци во државниот буџет, со исклучок на општинските даноци, паднаа за 19 отсто во јуни, во однос на истиот месец минатата година, се наведува во месечниот извештај на германското Министерство за финансии. „Последиците од корона-кризата врз […]

Европските берзи во плус по договорот на лидерите на ЕУ


Индексите на европските берззи за термински договвори (фјучерси) се зголемија утрово, откако лидерите на Европската унија постигнаа „историски“ договор за огромен стимулативен план за закрепнување на нивните економии погодени од кризата предизвикана од пандемијата на вирусот корона. Претседавачот на самитот и претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел, напиша на Твитер – „Договор“, утринава во 3,15 […]

За малку најдолг самит во историјата на ЕУ


Белгија– Самитот на лидерите на ЕУ 27 за пакетот за закрепнување од последиците од кризата со Ковид-19 е само 20 минути покус од најдолгиот самит во историјата на ЕУ. Средбата на лидерите, која започна во петокот на 17 јули во 10 часот, заврши утрово во 5:45 часот. – Требаше да завршиме во 6:05 часот за […]

„Маркс&Спенсер“ ќе затвори 950 работни места


Англија– Еден од столбовите на британскиот малопродажен сектор, синџирот „Маркс&Спенсер“ соопшти дека планира да затвори 950 работни места. Компанијата започнала консултации со „група претставници на вработените“, на кои ќе им понуди доброволно заминување на работниците од позициите кои се погодени со планот за реструктурирање. Продавниците за храна M&С работеле во текот на целиот периот на […]

Лани пензиите пораснале само 1,1 отсто


Фондот за пензиско-инвалидско осигурување во својот тукушто објавен извештај за 2019 потврдува дека минатата година имало најмало зголемување на пензиите до сега, односно во последните 13 години за колку што е евиденцијата. Усогласувањето на пензиите било 0,7 отсто на 1 јануари 2019 и 0,4 отсто на 1 јули истата година, што значи вкупно биле усогласени […]

ЕУ доби најголем буџет, но и кратења во програмите


Белгија– Лидерите на ЕУ, по неколкудневни маратонски преговори, рано утрово постигнаа договор за повеќегодишниот заеднички буџет и фондот за закрепнување. Вкупниот износ на пакетот за закрепнување е 1.824 милијарди евра, од кои 1.074 милијарди се во рамките на заедничкиот буџет за периодот од 2021 до 2027 година. Фондот за закрепнување на ЕУ изнесува 750 милијарди […]

Лајен: Ова е историски момент во Европа


Белгија– Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаејн, изјави дека со постигнатиот одговор за буџетскиот пакет на ЕУ од 1.824 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година е направен голем чекор кон закрепнување. – Европа сега има голема шанса да излезе посилна од кризата. Денеска направивме историски чекор со кој сите можеме […]

Kорона кризата ги одвраќа печалбарите да го посетат родниот крај


Кризата предизвикана од коронавирусот го намали бројот на печалбари кои вообичаено летниот период во минатото го користеа за посета на родниот крај. Во Пијанечко-малешевскиот регион ова се чувствува најмногу, а тоа го потврдуваат угостителите кои велат дека годинава нивниот бизнис егзистира исклучиво од домашни гости. -Периодот сме сите во една деликатна ситуација поради кризата. Сосем […]

Компјутерски напади врз неколку француски компании


Франција– Неколку француски компании, меѓу кои и осигурителната компанија ММА, во моментов се цел на компјутерски напади, јави дописникот на МИА. -ММА претрпе обид за злонамерно дејствување што бараше исклучување на компјутерските системи заради претпазливост, предизвикувајќи потешкотии при пристапот до интернет страницата на компанијата и до сите нејзини услуги , се вели во соопштението на групата […]