Европските берзи во плус по договорот на лидерите на ЕУ


Индексите на европските берззи за термински договвори (фјучерси) се зголемија утрово, откако лидерите на Европската унија постигнаа „историски“ договор за огромен стимулативен план за закрепнување на нивните економии погодени од кризата предизвикана од пандемијата на вирусот корона.

Претседавачот на самитот и претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел, напиша на Твитер – „Договор“, утринава во 3,15 часот по Централноевропско време, набргу откако 27-те лидери конечно постигнаа договор на пленарната сесија, пренесува Ројтерс.

Европскиот индекс за фјучерси „Еуростокс 50“ порасна за 0,5 проценти, додека германскиот „ДАКС“ и лондонскиот ФТСЕ, односно тамошните индексси за терминските договори пораснаа за 0,7 и 0,4 проценти, соодветно.

Покрај тоа, надежите за постигнување на европски договор и позитивните податоци од голем број на компании – кандидати за пронаоѓање вакцина против КОВИД-19 го поттикнаа порастот на паневропскиот индекс СТОКС 600 во понеделникот, додаде британската агенција.