Kорона кризата ги одвраќа печалбарите да го посетат родниот крај

Кризата предизвикана од коронавирусот го намали бројот на печалбари кои вообичаено летниот период во минатото го користеа за посета на родниот крај. Во Пијанечко-малешевскиот регион ова се чувствува најмногу, а тоа го потврдуваат угостителите кои велат дека годинава нивниот бизнис егзистира исклучиво од домашни гости.

-Периодот сме сите во една деликатна ситуација поради кризата. Сосем е мал бројот на печалбари кои решија летото да го поминат во родниот крај, најмногу поради рестрикциите кои ги очекуваат по враќање во нивните земји поради што многу одлучија да не си доаѓаат во државата. Нашите гастарбајтери може слободно да кажеме дека беа главни двигатели на локалната економија која за жал во моментот е во мала стагнација, велат делчевски угостители.
Од друга страна како што додаваат и гостите од соседна Бугарија ги нема, што според нив создава една поинаква атмосфера од минатите години.
-Ако до лани имавме град кој живее буквално во летните месеци, годинава најверојатно сезоната може да кажеме дека е пропадната. На лошата сезона влијае и тоа што гостите од соседна Бугарија, поради КОВИД-19 не се во можност да не посетат, така што единствено имаме поддршка од домашните туристи, кои доаѓаат за викенди, додаваат угостителите.
Она што сепак се забележува во Делчево наспроти состојбата во угостителствот е се позабележливиот развој на малите бизниси. Во моментот свои капацитети градат неколку познати компании од Источниот регион во делот на нафтената индустрија, изградени се неколку хотели и помали хостели чии сопственици полагаат надежи дека Делчево како погранично место, по завршувањето на кризата поради близината со Р. Бугарија и подобрената патна инфраструктура со главниот град, ќе биде се почеста дестинација на туристите, со што ви се забрзал и локалниот економски развој на општината.