Ангеловска: И во криза платите се зголемија за 1.120 денари


Просечната нето-плата во мај 2020 година, или во сред КОВИД-19 кризата, е за 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот Фејсбук профил.

„Просечната исплатена нето-плата е повисока и за 560 денари во однос на април 2020“, додаде таа.

„Од почетокот на КОВИД-19 кризата Владата презема повеќе мерки за зачувување на работните места и одржување на нивото на платите.

Конкретно, во мај со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 1,7 милијарди денари поддржани се 19.956 работодавачи во кои работат 118.069 вработени, со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари со 86,8 милиони денари поддржани се 5.985 самостојни вршители на дејност, со мерката субвенционирање на придонеси во време на вонредна состојба во мај се поддржани 2.463 фирми.

Мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за исплата на плата, продолжи и во јуни, односно за трите месеци се исплатени над 76 милиони евра на фирми и самостојни вршители на дејност“, вели министерката Ангеловска.