Приштина и Скопје бараат решение за трговскиот спор, засега остануваат забраните за извоз
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Приштина се сретнал со косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља по мерката на Косово за забрана на увоз на компири и мед од земјава. Бектеши и Шаља, како што објави електронското издание на косовскиот весник „Коха диторе“, се согласиле до петок Агенцијата за храна и ветеринарство …