Никола Поповски нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот


Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја информираше јавноста дека Никола Поповски е избран за нов в.д. Главен извршен директор и член на Управниот одбор на банката.

Поповски доаѓа на местото на досегашниот прв човек на Развојната банка, Кирил Колемишевски кој оваа функција ја извршуваше во претходните три месеци, почнувајќи од 15-ти мај.

Покрај Никола Поповски, член во Управниот одбор на Македонската банка за поддршка на развојот е и Вељанд Рамадани, кој воедно е и в.д. Главен оперативен директор.