ФТ: Во јануари Фејсбук пушта во оптек криптовалута „Либра“


САД – Фејсбук ќе ја пушти својата криптовалута Либра веќе во јануари, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три извори. Базираната во Женева,асоцијација „Либра“ ќе ја пушти дигиталната валута поддржана од американскиот долар. Но, валутата ќе биде пуштена во оптек во поограничена форма поради регулаторите и централните банки ширум светот, кои стравуваат дека тоа може да […]

6 FMCG SUMMIT 2020 сруши рекорди во посетеност


Повеќе од 1.500 посетители го проследија 6 FMCG SUMMIT 2020 кој се одржа вчера, онлајн, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“. Со тоа, ова издание на Самитот постави рекорд во посетеност на најголемиот трговски настан во годината.   Изборот на говорниците и нивните теми во најнеизвесната година за трговскиот сектор и за […]

Ивановска: Владата ја информира ДКСК дека ќе го раскине договорот со ТЕТО АД за државна помош


Државната комисија за спречување на корупцијата од Владата добила информација дека  Договорот за државна помош со ТЕТО АД ќе биде раскинат, откако антикорупциската комисија укажала на неутврдени недостатоци, информира денеска претседателката на ДКСК Билјана Ивановска. На седница на ДКСК Ивановска информираше за предметот за наводи за злоупотреба на државна помош на ТЕТО АД помеѓу Владата […]

Комисија за јавно-приватен дијалог: Коморите со список барања за подобро функционирање на фирмите


Претставниците на стопанските комори во земјава на денешната седница на Комисијата за јавно -приватен дијалог доставиле преглед на барања важни за функционирање на фирмите. Вицепремиерот Битиќи во воведното обраќање посочил дека јавно-приватниот дијалог е континуиран процес и со редовните месечни средби помеѓу Владата и стопанските комори се креираат најдобри решенија и се создаваат услови за […]

Хрватскиот БДП падна за 10 проценти во третиот квартал од годината


Хрватската економија падна за 10 проценти во третиот квартал во споредба со истиот период во 2019 година, што најмногу се должи на падот на личната потрошувачка, покажа денешната прелиминарна проценка на Централното биро за статистика. Овој пад, според агенцијата Хина, е помал во однос на рекордниот минус од 15,4 проценти во вториот квартал. Ова е […]

Амазон ќе потроши 500 милиони долари за празнични бонуси за вработените


Американската компанија за онлајн трговија Амазон на вработените кои ги пакуваат и испорачуваат производите ќе им исплати еднократен празничен бонус во износ од 300 долари, откако синдикатите и други организации ја критикуваа фирмата поради укинувањто на екстра надоместоците за работа во ризични услови поради пандемијата со Ковид-19. Амазон соопшти дека на работниците со полно работно  […]

Кина драстично ќе ги зголеми царините за австралиско вино


Кина од утре ќе ги зголеми царините за увоз на вино од Австралија на 212 проценти, јави Би-Би-Си. Министерството за трговија на Кина соопшти дека ова се привремени антидампинг мерки за да се запрат субвенционираните вина од Австралија. Царинските давачки за виното ќе се зголемат од 107 на 212 проценти, а Министерството не прецизираше колку мерките ќе останат во сила. Официјални […]

На 3.647 земјоделци се исплатени 229,5 милиони денари субвенции за овошни и градинарски култури


Владата и Агенцијата водат сметка не само за руралниот развој и подобрување на животот во руралните средини, туку и за земјоделството воопшто. Ова го нагласи директорот на АФПЗРР Николче Бабовски денеска во Кавадарци, информирајќи дека денеска се исплатени субвенциите за овошни и градинарски култури предадени во преработувачки капацитети. Тој соопшти дека на сметките на 3.647 […]

Албанскиот туризам ќе загуби околу 1,8 милијарди евра поради пандемијата


Деветмесечниот период на пандемија, албанскиот туризам го чинеше загуби од околу 1,8 милијарди евра, тврди потпретседателот на здружението на албанските тур-оператори Клитон Грџани. -Целосните блокади на движењето и недостатокот на наменски пакет од владата ја паднаа на колена туристичката индустрија. Верувам дека загубата е 1,7 до 1,8 милјарди евра. Максимумот на приходи што сме го […]

ИБМ укинува 10.000 работни места во Европа


Технолошката компанија ИБМ планира да засне околу 10.000 работни места во Европа, во обид да ги намали трошоците во својата подружница која бележи бавен раст во пресрет на најавената поделба на компанијата. Најголем број отпуштања треба да има во Велика Британија и Германија, а се планира намалување и во Полска, Словачка, Италија и Белгија, пренесува […]

Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки


Владата го возобнови Националниот контакт центар на кој преку бесплатната телефонска линија 0800 00 207, граѓаните во директна комуникација со операторите, кои се професионалци од соодветните институции, ќе може да добијат информации за економските мерки кои ги носи Владата за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19, соопштија од кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи, […]

Производи од „Амазон“ во Македонија ќе стигнуваат преку Хрватска пошта?


  Хрватска пошта, пред десетина дена, стана партнер на „Амазон“, а според некои извори услугата ќе ја нуди и на земјите од регионот вклучително и Македонија. ДО 2020 година проментот на Хрватска пошта во просек растеше од 15 до 20 отсто годипно, а поради епидемијата скокна за 30 отсто. Слични трендови бележат и другите јавни […]

Штедачите во Еуростандард банка стравуваат дека во најдобар случај ќе добијат 5 до 10 отсто од побарувањата


Во најдобра ситуација од ненаплатливите или тешко наплатливите кредити што ги има пласирано Еуростандард банка, може да очекуваме да добиеме од 5 до 10 отсто од нашите средства, истакна вечерва Љуљзим Селами, претставник на штедачите за ТВ 24, во дебата со сопственикот на банката Трифун Костовски и екс директорот Николче Петковски. До овој износ дошол […]

Акционерите во светот ќе останат покуси за 263 милијарди долари од дивиденди


По огромниот пад на исплатите на дивидендите во вториот и нешто помал во третиот квартал, акционерите ширум светот би можеле да останат покуси за 263 милијарди долари до крајот на годината. Дивидендите растат само во Кина и во Хонг Конг. Меѓу првите десет компании кои исплатија најголеми дивиденди во третиот квартал три се од Кина. […]

Италија го отвора првиот воздушен коридор од Европа кон САД за патници негативни на Ковид-19


Италија ќе го понуди првиот воздушен коридор од Европа до САД со патници кои имаат негативен тест за коронавирус, што ќе го отстрани условот новопристигнатите да се изолираат. Римскиот аеродром „Фиумичино“ соопшти дека е постигнат договор меѓу италијанскиот авиопревозник „Алиталија“ и американскиот „Делта ер лајнс“ за специјални летови помеѓу определени американски градови и италијанската престолнина […]

До 2022 патната врска со Бугарија ќе биде целосно обновена, забрзано се работи на делницата Крива Паланка-Деве Баир


Реконструкцијата и проширување со трета лента на патот Крива Паланка – Деве Баир, граничен премин со Бугарија, се одвива со забрзано темпо. Увид во градежните работи на терен денес извршија премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на Општина Крива Паланка, […]

Прва инвестиција на Бизнис-акцелераторот на УКИМ за „Елевејт глобал“


„Елевејт глобал“ е првата стартап-компанија поддржана од Бизнис-акцелераторот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (БАУ) кој помага со инвестиции во секоја фаза од развој на идеите, менторство, пристап до нови пазари, развој на продукт, поддршка во технологија. БАУ ќе и додели две транши на „Елевејт глобал“: иницијална инвестиција во износ од 25.000 евра и последователна […]

Гасификацијата се одвива по предвидената динамика


Динамиката на изградба на примарната гасоводна мрежа се одвива според планираното, а процесот мора да се одвива непречено и понатаму, нагласил денес вицепремиерот Фатмир Битиќи на работен состанок со директоротна АД Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, со кого разговарал за динамиката на изградба на примарниот гасоводен систем, текот на избор на изведувач на дистрибутивната гасоводна […]

„Интернешнал фреш фуд“ инвестира 50 милиони евра во производство на домашно пилешко месо, ќе се вработат 3.000 лица


Конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешнал фреш фуд“ денеска во Гиновци го означи почетокот на својата инвестиција која во следните пет години ќе надмине над 50 милиони евра и ќе се отворат околу 3.000 нови работни места. Инвеститорот планира да изгради сопствена кланица за живина во селото Врапчиште, Гостиварско, како и фарми во Кочани, […]

На принуден одмор 15 отсто од работниците во Велика Британија, најмногу од јуни


Уделот на британските работници кои се на принуден одмор скокна на највисоко ниво од крајот на јуни по воведувањето на привремените четиринеделни мерки за затворање низ Англија, поради вториот бран на епидемијата на коронавирусот, покажуваат денешните официјални бројки. Компаниите објавија дека во просек 15 проценти од вработените биле на принуден одмор меѓу 2 и 15 ноември, за […]