Амазон ќе потроши 500 милиони долари за празнични бонуси за вработените

Американската компанија за онлајн трговија Амазон на вработените кои ги пакуваат и испорачуваат производите ќе им исплати еднократен празничен бонус во износ од 300 долари, откако синдикатите и други организации ја критикуваа фирмата поради укинувањто на екстра надоместоците за работа во ризични услови поради пандемијата со Ковид-19.

Амазон соопшти дека на работниците со полно работно  време ќе им бидат исплатени бонуси од 300 долари, а на хонорарците по 150 долари, ако работат во текот на целиот месец декември.

– Тоа Амазон ќе го чини околу 500 милиони долари, изјави шефот за логистика Дејв Кларк.

Амазон кон крајот на мај го укина додатокот од два долара по час за стотици илјади вработени во магацините и дистрибутивните центри, но во јуни сепак исплати еднократни бонуси од 500 долари.