На 3.647 земјоделци се исплатени 229,5 милиони денари субвенции за овошни и градинарски култури


Владата и Агенцијата водат сметка не само за руралниот развој и подобрување на животот во руралните средини, туку и за земјоделството воопшто. Ова го нагласи директорот на АФПЗРР Николче Бабовски денеска во Кавадарци, информирајќи дека денеска се исплатени субвенциите за овошни и градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.

Тој соопшти дека на сметките на 3.647 земјоделци, се исплатени 229,5 милиони денари.

-Апелирам до сите земјоделци, средствата да ги реинвестираат во обнова на семе и саден материјал, во набавка на се што им е потребно за наредната реколта, со цел одгледување на квалитетни производи и зголемен род. Вие продолжете да произведувате, а ние ќе продолжиме со навремената и неселективна исплата на субвенции за сите кои правно-законски се стекнале со право за добивање на финансиска поддршка во земјоделството, рече Бабовски. Земјоделството, нагласи, е наша шанса за успех.

 

-Затоа сите заедно да работиме на производи со додадена вредност, што позитивно ќе се одрази и врз земјоделците, но и врз бруто домашниот производ, порача тој од Кавадарци.