Италија го отвора првиот воздушен коридор од Европа кон САД за патници негативни на Ковид-19


Италија ќе го понуди првиот воздушен коридор од Европа до САД со патници кои имаат негативен тест за коронавирус, што ќе го отстрани условот новопристигнатите да се изолираат.

Римскиот аеродром „Фиумичино“ соопшти дека е постигнат договор меѓу италијанскиот авиопревозник „Алиталија“ и американскиот „Делта ер лајнс“ за специјални летови помеѓу определени американски градови и италијанската престолнина од следниот месец.

Слични коридори ќе бидат отворени меѓу Рим и германските градови Минхен и Франкфурт. Во септември, ваквите летови започнаа да се реализираат помеѓу Рим и Милано.

Новите протоколи за патување, планирани на експериментална основа за летови од САД до италијанскиот аеродром во Рим, ќе стапат на сила најрано на почетокот на декември.