Албанскиот туризам ќе загуби околу 1,8 милијарди евра поради пандемијата


Деветмесечниот период на пандемија, албанскиот туризам го чинеше загуби од околу 1,8 милијарди евра, тврди потпретседателот на здружението на албанските тур-оператори Клитон Грџани.

-Целосните блокади на движењето и недостатокот на наменски пакет од владата ја паднаа на колена туристичката индустрија. Верувам дека загубата е 1,7 до 1,8 милјарди евра. Максимумот на приходи што сме го оствариле е 300-400.000 евра. Бидејќи кризата се очекува да потрае апелирам до владата под итно да го помогне овој секор, изјави Грџани.

Додава дека ситуацијата се наближува до целосен колапс, дека истата ќе продолжи уште две до три години по 2021 година и оти заздравувањето ќе биде тешко.

-Владата мора сериозно да ги сфати нашите барања бидејќи се погодени и другите сектори. Тур-операторите, туристиките водичи, транспортот и агенциите се меѓу категориите кои се најпогодени од кризата. Повеќе од половина од нив се затворени а и оние што продолжија да работат испратија дома речиси половина од вработените, додава тој.

Некои од нив, се на работ на преживување, но остануваат отворени само за да избегнат спроведување на процедури за регистрација на деловни активности од самиот почеток.

-Овие бизниси беа најсилно погодени. Приходите на туристичките агенции се намалени дури до 90-95 отсто. Многу туристички агенции или тур-оператори не прокнижиле приход од први јануари годинава и оти така се очекува да биде до март следната година, ако продолжи пандемијата. Околу 50 отсто ставија клуч на врата, а другите преживуваат со по еден или двајца вработени, вели Бесник Вати, член на Управниот одбор на Здружението на албанските тур-оператори.

Со учество од 8,5 отсто од Бруто домашниот производ во економијата на земјата, туризмот е најголем придонесувач за вработување во земјата, со околу 380.000 вработени, директно и индиректно, во целиот секторски синџир.