Греењето на дрва најзастапено, на струја еколошки најприфатливо


Дури 62 отсто од вкупниот број македонски домаќинства користат дрва како примарен извор на енергија, 29 отсто се греат на електрична енергија, а само осум отсто се приклучени на централно парно греење, покажуваат податоците од публикацијата „Потрошувачка на енергенти во домаќинствата“. Експертите велат дека греењето со огревни дрва се уште е економски најисплатливо, а со …

Греењето на дрва најзастапено, на струја еколошки најприфатливо Read More »

Почина првиот човек на „Самсунг“


Ли Кун Хи, првиот човек на јужнокорејскиот гигант, компанијата „Самсунг“, почина на 78-годишна возраст во Сеул. Ли е заслужен за трансформација на малиот бизнис основан од неговиот татко во денешен „Самсунг“, глобален економски гигант кој работи во области од производство на електроника, преку осигурување, до транспорт. Ли беше најбогатиот Јужнокореец со проценето богатство од околу …

Почина првиот човек на „Самсунг“ Read More »

Јавниот долг во Европската унија и во еврозоната нагло се зголеми


Јавниот долг во Европската унија и во еврозоната нагло се зголеми во вториот квартал поради зголемените потреби за финансирање од страна на земјите за ублажување на ефектите од пандемијата на корона вирусот, покажа во четвртокот извештајот на Евростат. На ниво на ЕУ, јавниот долг како дел од БДП се искачи на 87,7 проценти во вториот …

Јавниот долг во Европската унија и во еврозоната нагло се зголеми Read More »

Јавниот долг на Србија надмина 27 милијарди евра


Србија влезе во 2020 година со јавен долг од 24,3 милијарди евра (околу 53 проценти од БДП), додека задолженоста на земјата во моментов надминува 27 милијарди евра, што е нешто повеќе од 58 проценти од бруто домашниот производ, изјави за Biznis.rs специјалниот советник на Фискалниот совет на Србија, Слободан Миниќ. Тој посочи дека се очекува …

Јавниот долг на Србија надмина 27 милијарди евра Read More »

На економијата во еврозоната ѝ се заканува рецесија со двојно дно


Економската активност во еврозоната повторно забележа пад овој месец, откако вториот бран на корона вирусот го зафати целиот континент, зголемувајќи ги очекувањата за таканаречена рецесија со двојно дно, односно двојна рецесија, покажаа истражувањата во петокот. Обновените ограничувања со цел да се стави под контрола пандемијата принудија многу деловни субјекти во доминантната услужна индустрија да ги …

На економијата во еврозоната ѝ се заканува рецесија со двојно дно Read More »

И Македонија станува дел од „Чиста 5Г мрежа“


Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач денеска потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии. Со меморандумот Република Северна Македонија и САД ја потврдуваат својата желба да ја зајакнат соработката поврзана со 5Г технологијата која е во согласност со нашиот национален оперативен …

И Македонија станува дел од „Чиста 5Г мрежа“ Read More »

Евробарометар: Европејците загрижени поради економијата, но веруваат во подобра иднина


Истражувањето на „Евробарометар“, спроведено во периодот обележан со пандемијата Ковид-19, покажува дека Европејците се многу загрижени за економската состојба, но исто така имаат уверување дека ЕУ ќе донесе правилни одлуки кога станува збор за одговор на кризата. Според новиот Евробарометар, спроведен во јули и август, 64 отсто од Европејците сметаат дека економската состојба е „лоша“, …

Евробарометар: Европејците загрижени поради економијата, но веруваат во подобра иднина Read More »

Заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот


Амандманската расправа за ребалансот на Буџетот заврши доцна синоќа, соопшти денеска заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, порачувајќи дека ликвидноста на Буџетот е добра и ќе бидат исплатени сите обврски кон буџетските корисници. Одговарајќи на новинарски прашања по денешното положување на цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Ковачевски истакна дека мерките кои се …

Заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот Read More »

Аеродромите во Париз може да се вратат на нивото од 2019 дури од 2024 до 2027 година


Во 2020 година, воздушниот сообраќај на аеродромите во Париз може да падне и до 70 отсто, предупредува дирекцијата на Аеродромите на Париз (АДП), јави дописникот на МИА. Групата АДП изгуби повеќе од половина од својот промет во текот на првите девет месеци од годинава под влијание на кризата со коронавирусот, во меѓувреме таа ги измени своите …

Аеродромите во Париз може да се вратат на нивото од 2019 дури од 2024 до 2027 година Read More »

Законот за финансиска поддршка за исплата на плати за октомври, ноември и декември оди во собраниска процедура


Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од КОВИД-19 кризата за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, предложен од Министерството за финансии, вчера беше усвоен од страна на Владата и истиот ќе биде доставен на усвојување до Собранието, соопшти Министерството за финансии. Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до …

Законот за финансиска поддршка за исплата на плати за октомври, ноември и декември оди во собраниска процедура Read More »

Од први јануари ДДВ за храна и пијалоци во рестораните само 10 отсто


Храната и пијалоците кои се служат во ресторани и кафулиња ќе се даночат по нова повластена стапка.Повластена даночна стапка од 10%, ќе почне да важи од 1 јануари 2021, и ќе се однесува за продавањето храна и пијалаци во угостителските објекти и за кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци. Воедно Владата одлучи исто така …

Од први јануари ДДВ за храна и пијалоци во рестораните само 10 отсто Read More »

Британија потпиша со Јапонија пост-брегзит трговски договор


Јапонија и Велика Британија потпишаа договор за слободна трговија во Токио, што ќе стапи на сила на крајот од тековниот пост-брегзит транзициски период. Договорот го потпишаа јапонскиот министер за надворешни работи Тошимитсу Мотеги и британската министерка за меѓународна трговија Лиз Трус и треба да стапи на сила на 1 јануари, откако Велика Британија ќе престане …

Британија потпиша со Јапонија пост-брегзит трговски договор Read More »

Македонската компанија Брејнстер ќе одржува обуки за дигитални вештини во Австрија


Македонска компанија од сферата на образованието базирано на потребите на индустријата, по пет години од своето постоење во земјава се шири во Европа, поточно на австрискиот пазар. Првите предавања во Виена официјално започнуваат в понеделник, во рамки на т.н. Bootcamps посветени на двете во моментот најбарани и најплатени професии во дигиталниот свет – UX/UI Design …

Македонската компанија Брејнстер ќе одржува обуки за дигитални вештини во Австрија Read More »

Во пандемијата зголемен бројот на милионери во Германија


Од јануари до крајот на јуни 2020 година, бројот на милионери во Германија е зголемен за 58.000 и сега тие се околу два милиона. Тоа се наведува во студија на Кредит Свис. Од јануари до јуни годинава, бројот на луѓе во таа држава со суми на сметка од над милион американски долари се зголеми за …

Во пандемијата зголемен бројот на милионери во Германија Read More »

Владата ги утврди законите за имплементација на четвртиот пакет мерки


Владата на денешната 14-та седница го утврди Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година. Со овој закон, информираат од владинатапрес-служба, се уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза …

Владата ги утврди законите за имплементација на четвртиот пакет мерки Read More »

Црни прогнози: Повеќе од половина мали и средни фирми во Европа очекуваат банкрот во 2021 година


Истражувањето на „Мекинзи“ беше спроведено на примерок од 2.200 мали и средни претпријатија во првите пет европски економии Според истражувањето на „Мекинзи“, повеќе од половина од малите и средни бизниси во Европа очекуваат банкрот следната година доколку не се случи раст на приходите. Овој податок можеби најдобро илустрира колку можат да бидат сериозни последиците од …

Црни прогнози: Повеќе од половина мали и средни фирми во Европа очекуваат банкрот во 2021 година Read More »

Светска банка: Македонија ќе претрпи најмала штета во регионот од пандемијата


Државите од Западен Балкан ќе доживеат вистински пад на бруто домашниот производ (БДП) од 4,8 проценти во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот, а најлошо се чувствуваат Црна Гора, Косово и Албанија, се вели во најновата анализа на Светска банка. Според таа проценка, објавена денеска, Србија, БиХ и Северна Македонија ќе претрпат најмала штета. Редовниот …

Светска банка: Македонија ќе претрпи најмала штета во регионот од пандемијата Read More »

ГА-МА: Од вторник до четврток помалку гас кон корисниците, во Бугарија ќе правеле ремонт


Од вторник до четврток следната недела, односно од 27 до 29 октомври годинава, преку гасоводот ќе се транспортираат ограничени количини на природен гас кон корисниците, најави денска АД ГА-МА. Како што информираат од компанијата, причина за намалениот транспорт на природен гас е изведување планирани ремонтни зафати на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава, што ќе …

ГА-МА: Од вторник до четврток помалку гас кон корисниците, во Бугарија ќе правеле ремонт Read More »

Банкарската асоцијација предупредува на ширење неточни информации за банките


Македонската банкарска асоцијација предупредува дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните. „Објавувањето на невистини преку социјалните мрежи може да внесе непотребна паника и да има особено штетно влијание на перцепциите на граѓаните за банките. Во овие и онака тешки времиња …

Банкарската асоцијација предупредува на ширење неточни информации за банките Read More »

Регулаторната комисија за енергетика бара законски измени за да може да изрекува поголеми казни


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија подготвува предлог измени во Законот за енергетика со кои ќе побара поголеми ингеренции и прецизирање на надлежност во однос на изрекување на повисоки казни кон операторите на дистрибутивните системи, доколку поради нивна неажурност и лоша организација, ги оставиле потрошувачите без греење во време на …

Регулаторната комисија за енергетика бара законски измени за да може да изрекува поголеми казни Read More »