Британија потпиша со Јапонија пост-брегзит трговски договор

Јапонија и Велика Британија потпишаа договор за слободна трговија во Токио, што ќе стапи на сила на крајот од тековниот пост-брегзит транзициски период. Договорот го потпишаа јапонскиот министер за надворешни работи Тошимитсу Мотеги и британската министерка за меѓународна трговија Лиз Трус и треба да стапи на сила на 1 јануари, откако Велика Британија ќе престане да биде обврзана со трговските правила со ЕУ.

Договорот допрва треба да биде ратификуван од парламентите на двете земји.

Британско-јапонскиот договор за сеопфатно економско партнерство (ЦЕПА) беше договорен минатиот месец, а Велика Британија го поздрави како прв голем трговски договор откако официјално ја напушти Европската унија.

Договорот треба да ја зголеми британската трговија со Јапонија на околу 15,2 милијарди фунти, соопшти британската влада минатиот месец. Договорот е повеќе во согласност со постојниот договор за слободна трговија меѓу Јапонија и ЕУ.

Додека јапонските компании го поздравуваат договорот, тие исто така покажуваат загриженост дали Лондон навистина ќе успее да преговара за договор со ЕУ за периодот по транзицијата.