Црни прогнози: Повеќе од половина мали и средни фирми во Европа очекуваат банкрот во 2021 година


Истражувањето на „Мекинзи“ беше спроведено на примерок од 2.200 мали и средни претпријатија во првите пет европски економии

Според истражувањето на „Мекинзи“, повеќе од половина од малите и средни бизниси во Европа очекуваат банкрот следната година доколку не се случи раст на приходите. Овој податок можеби најдобро илустрира колку можат да бидат сериозни последиците од кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19. Една од пет компании во Италија и Франција очекуваат дека би можеле да поднесат барање за банкрот или несолвентност во следните шест месеци. Истражувањето на „Мекинзи“ е спроведено на примерок од 2.200 мали и средни претпријатија во првите пет европски економии.

Ако песимизмот идентификуван од истражувачите во истражувањето е добар показател за тоа што навистина ќе се случи во иднина, европската економија ќе се најде во огромна неволја. Малите и средни претпријатија се клучни за европската економија. Тие вработуваат две третини од работниците и внесуваат повеќе од половина од додадената вредност, пишува Јутарњи лист.

Генерално, околу 70 проценти од европските компании пријавиле пониски приходи од почетокот на пандемијата. Во Италија и Шпанија, овој процент е значително поголем и е последица на поголем број на заразени и мртви, но и на построгите епидемиолошки мерки.

Во студијата на „Мекинзи“, повеќето ја опишуваат состојбата во економијата како слаба. Најголемата загриженост се однесува на неможноста да се отплатат заемите и да се отпуштат работниците, иако сите влади најавија некаква помош за работодавците за зачувување на работните места.