ГА-МА: Од вторник до четврток помалку гас кон корисниците, во Бугарија ќе правеле ремонт


Од вторник до четврток следната недела, односно од 27 до 29 октомври годинава, преку гасоводот ќе се транспортираат ограничени количини на природен гас кон корисниците, најави денска АД ГА-МА.

Како што информираат од компанијата, причина за намалениот транспорт на природен гас е изведување планирани ремонтни зафати на транзитниот гасовод од Бугарија кон земјава, што ќе ги извршува бугарската компанија „Булгартрнасгаз ЕАД“.