Аеродромите во Париз може да се вратат на нивото од 2019 дури од 2024 до 2027 година

Европската комисија досега одобри речиси 1,9 билиони евра (2,06 билиони долари) мерки за државна помош поврзани со тековната криза. Ова вклучува пакет од 7 милијарди евра од француската влада до „Ер Франс“.

Во 2020 година, воздушниот сообраќај на аеродромите во Париз може да падне и до 70 отсто, предупредува дирекцијата на Аеродромите на Париз (АДП), јави дописникот на МИА.

Групата АДП изгуби повеќе од половина од својот промет во текот на првите девет месеци од годинава под влијание на кризата со коронавирусот, во меѓувреме таа ги измени своите  предвидувања за сообраќајот за Париз со пад што може да се искачи до 70 отсто во 2020 година.

-Претпоставката за сообраќајна аеродрмите во  Париз за 2020 година е ревидирана надолу за околу -63 отсто до опсег од -65  до -70 отсто”, се вели во соопштението на АДП.  Во кое потврдува дека сообраќајот во Аеродромите во Париз можат да се вратат на нивото од 2019 година „на крајот од периодот помеѓу 2024 и 2027 година“.

-Влијанието врз консолидираниот промет на групата во 2020 година ќе биде од -2,3 до -2,6 милијарди евра, велат од групата.

Во текот на првите девет месеци од годинава, падот на консолидираните приходи за целата група, која директно или индиректно управува со повеќе од дваесет аеродроми ширум светот, беше 52,7 отсто на 1,669 Милјарди евра.

-Со оглед на расположливите средства, групата не предвидува финансиски тешкотии на краткорочен план, се вели од групата.

Групата АДП располага со 46,12 отсто од капиталот на турската компанија ТАВ, која меѓу другото раководи и со двата македонски аеродроми во Скопје и Охрид.