Санторињос: Сложено име за севкупна употреба и промена на Уставот


Продолжуваат преговорите на ниво на министри за надворешни работи, вели заменикот министер за поморство на Грција, Нектариос Санторињос, во однос на средбите во Виена, без притоа да открие дополнителни детали за разговорите меѓу двајцата шефови на дипломатиите и медијаторот Метју Нимиц. Санторињос, во интервју за грчката телевизија Скај, ги повтори грчките позиции за сложено ерга …

Санторињос: Сложено име за севкупна употреба и промена на Уставот Read More »

Бугарските работодавачи бараат да им се дозволи увоз на работна сила


Бугарските работодавачи побараа од државата да им овозможи увоз на работна сила од Индија, Виетнам и други земји надвор од ЕУ, на најмалку две години. Доколку се ангажираат работници од далечни земји, на пример од Индија и Виетнам, транспортните трошоци до Бугарија сериозно финансиски ќе ги оптоварат работодавачите и за нив ќе биде поповолно тие …

Бугарските работодавачи бараат да им се дозволи увоз на работна сила Read More »

Владика Тимотеј: СПЦ нема намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА


Српската православна црква (СПЦ) нема сериозна намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА, а тој нејзин став не е променет веќе неколку години, смета митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј. – Постои голема веројатност на мајскиот собор на СПЦ да биде отворено прашањето за натамошното делување и решавање на црковниот спор со МПЦ, но искрено не …

Владика Тимотеј: СПЦ нема намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА Read More »

Бутарис критикуван за изјавата за преименување на аеродромот и автобуската станица во Солун


Бура од реакции во Грција предизвика изјавата на солунскиот градоначалник Јанис Битарис за тоа дали и тие треба да размислат за промена на имињата на аеродромот и автобуската станица во Солун, кои го носат името „Македонија“, јави дописникот на МИА од Атина. – Предлогот на Бутарис е негов предлог, мислам дека не влегува во плановите …

Бутарис критикуван за изјавата за преименување на аеродромот и автобуската станица во Солун Read More »

Грција продава пет отсто од акциите во телекомуникацискиот гигант ОТЕ


Грчката Влада понуди на продажба пет проценти од државните акции во телекомуникациска компанија ОТЕ. Продажбата на државниот имот е една од обврските што Грција ги презеде пред европските и меѓународните кредитори, со цел да ги добие потребните пакети финансиска помош. Понудите треба да бидат доставени до 15 март. Оваа продажба е дел од третата програма …

Грција продава пет отсто од акциите во телекомуникацискиот гигант ОТЕ Read More »

Пангалос: Мртов Турчин е добар Турчин


Поранешниот грчки министер за надворешни работи Теодорос Пангалос во радиоинтервју ја употреби фразата „Единствениот добар Турчин е мртов Турчин“, објави онлајн-изданието „Екатимерини“. Во интервју за радиото Скај, Пангалос нагласи дека Грција се „соочува“ со голем проблем со Турција. – Непријателот е немилосрден и нема да биде надминат, без разлика на тоа колку добра волја ќе …

Пангалос: Мртов Турчин е добар Турчин Read More »

Бутарис: Аеродромот „Македонија“ може да се преименува во „Никос Галис“


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“. – Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да рзмислиме за тоа бидејќи името „Македонија“ „го подели светот, не подели нас“ и од тоа сите губиме, рече Бутарис во изјава за грчката …

Бутарис: Аеродромот „Македонија“ може да се преименува во „Никос Галис“ Read More »

Тахири: Испративме четири барања до Белград, но нема одговор


Косовскиот министер за правда Абелард Тахири изјави дека Приштина испратила четири барања до Белград за информации за расветлување на убиството на Оливер Ивановиќ. но не добила одговор на ниту едно. – Во текот на неделата ќе испратиме уште едно барање до властите во Белград, со кое ќе прашаме и за статусот на испратените барања. Дали …

Тахири: Испративме четири барања до Белград, но нема одговор Read More »

Тачи јавно се дистанцира од идејата за поделба на Косово


Косовскиот претседател Хашим Тачи, за кого се тврди дека се согласил со идејата за поделба на Косово, попладнево изјави дека „идејата е далеку од неговиот ум и институциите во Косово“. На заедничката прес-конференција со словенечкиот претседател Борут Пахор, кој е во дводневна официјална посета на Прштина, Тачи изјави дека ваквите идеи не носат ни мир, …

Тачи јавно се дистанцира од идејата за поделба на Косово Read More »

Хрватската полиција го чуваше Вучиќ со антидронови пушки


Хрватските полицајци, кои денеска го чуваа плоштадот Свети Марко во Загреб, за време на протестот поради посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ, привлекоа внимание со необичните пушки, објави „Вечерњи лист“. Станува збор за специјални пушки, наменети за соборување дронови. Минатата година хрватската полиција набави опрема во вредност од 4,6 милиони евра, вклучително и антидронови пушки …

Хрватската полиција го чуваше Вучиќ со антидронови пушки Read More »

Вучиќ до Буљ: Да не мислите дека се уплашив од Вашето дофрлање?


Српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамките на дводневната посета на Загреб денеска оствари средба и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и со претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ. Според твитер објавите на Пленковиќ по средбата со Александар Вучиќ, тие зборувале за сите отворени прашања меѓу двете земји, вклучувајќи го и прашањето за воените репарации. – …

Вучиќ до Буљ: Да не мислите дека се уплашив од Вашето дофрлање? Read More »

Шин Бет: Турција поддржува перење на пари од страна на Хамас


Израелските власти ја обвинија Турција дека поддржува акции поврзани со перење на пари од страна на палестинското движење Хамас. – Турски претставници ги затвораат очите и повремено ги охрабруваат обидите на Хамас за трансфер на пари од Турција за Западен Брег, се посочува во соопштението на израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет. Според Шин …

Шин Бет: Турција поддржува перење на пари од страна на Хамас Read More »

Саакашвили е депортиран во Полска


Украинскиот опозициски лидер Михаил Саакашвили е депортиран во Полска, соопшти украинската Служба за гранична контрола. – Тоа лице илегално престојуваше на територијата на Укарина и затоа согласно сите законски процедури тој беше вратен во државата од каде што пристигнал, нарушувајќи го државното законодавство, се посочува во соопштението на украинската Служба за гранична контрола. Руски медиуми …

Саакашвили е депортиран во Полска Read More »

ЕУ ќе и помогне на Албанија да ги заштити границите во случај на мигрантски бран


Европската унија соопшти дека е постигнат договор за безбедност на границите и за распоредување на екипи, кои ќе реагираат во случај на потенцијален прилив на мигранти. Еврокомесарот за миграции Димитрос Аврамопулос, кој е во посета на Тирана, го поздрави постигнатиот договор со Албанија, „кој што ќе служи за модел за добри договори со други партнери …

ЕУ ќе и помогне на Албанија да ги заштити границите во случај на мигрантски бран Read More »

Саакашвили приведен во Киев


Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, кој е лидер на украинското Движење на новите сили, денеска е приведен во Киев, соопшти неговата портпаролка Татјана Баграновскаја. – Михаил Саакашвили денеска беше грабнат во ресторанот Сулугуни недалеку од просториите на нашата партија, изјаи таа, додавајќи дека тој бил населно внесен во бело комбе и одевден во непознат правец. …

Саакашвили приведен во Киев Read More »

Албанија регионален лидер во привлекување странски инвестиции


Реформите што ги спроведува Владата во полза на бизнис климата и позицијата на Албанија како важна порта кон источноевропските и балканските земји и помогнаа на земјата да привлече околу 13 отсто од странските инвестиции во регионот. Странските директни инвестиции минатата година надминаа една милијарда долари, додека приливот оваа година се очекува да биде уште поголем. …

Албанија регионален лидер во привлекување странски инвестиции Read More »

Евакуирана Амбасадата на Холандија во Сараево


Амбасадата на Холандија во Сараево е евакуирана откако Министерството на Босна и Херцеговина примило анонимен повик за поставена бомба. Во Амбасадата на Холандија испратена е единица за борба против тероризмот и полиција. Се уште нема информации за резултатите од проверката на објектот.

Ципрас: Сложено име што ќе важи за сите, и за меѓународна и за домашна употреба


Сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба, за кое треба уставна промена и повлекување на секакви сомнежи за иредентистички ставови, е рамката што го гарантира затворањето на проблемот, според грчкиот премиер. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, Алексис Ципрас, на состанокот на пратеничката група на СИРИЗА, освен за економијата и скандалот …

Ципрас: Сложено име што ќе важи за сите, и за меѓународна и за домашна употреба Read More »

Турската армија неутрализирала повеќе од 1.300 терористи во Африн


Турските вооружени сили во операцијата „Маслиново гранче“ во Африн, во северна Сирија, досега неутрализирале 1.369 припадници на силите кои Анкара ги смета за терористички, соопшти денеска Генералштабот на турските вооружени сили. Во соопштението на турскиот Генералштаб се вели дека во синоќешните воздушни напади на турските вооружени сили уништени се 15 позиции на терористите, засолништа и …

Турската армија неутрализирала повеќе од 1.300 терористи во Африн Read More »

(Фото) Протести во Загреб: Вучиќ дочекан со усташкиот повик „За дом спремни“


Како што беше претходно планирано, две здруженија закажаа протести за 10 часот поради официјалната посета на Александар Вучиќ на Загреб. Тие почнаа да се собираат на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во 10 часот утринава. Околу 400 демонстранти го слушаа говорот Векслов Магаш, покрај кој стои транспарент на кој пишува „Србија мора да одговара за геноцид во …

(Фото) Протести во Загреб: Вучиќ дочекан со усташкиот повик „За дом спремни“ Read More »