Босна: Инцко ја осуди заканата на српски политичар со нов геноцид


Меѓународниот претставник во Босна Валентин Инцко денеска побара судството итно да реагира по изјавата на српскиот политичар Рајко Васиќ, кој се закани со нов геноцид врз Бошњаците.

Васиќ, на Твитер, напиша дека, „доколку (Бошњаците) навистина толку го сакаат тој Геноцид врз нив“, треба да ја почекаат „следната можност“. Рајиќ е висок функционер на Сојузот на независни социјалдемократи, партијата на претседателот на Република Српска Милорад Додик.

– Тука имаме закана со насилство, и тоа не со било какво насилство туку закана со геноцид. Тоа е кривично дело, изјави Инцко.

Васиќ го објави коментарот на денот кога се одбележува годишнината од геноцидот во Сребреница.