Албанија ја погодија серија земјотреси и големо невреме, животот го загубило едно лице


Попладнево Албанија ја погодија серија земјотреси, големо невреме проследено со обилни дождови, силен ветер и електрични празнења.

Најсилниот земјотрес беше регистриран во 13:05 часот, со интензитет од 4,7 степени по Рихтер, со епидентар во централна Албанија, во близина на Рогожина,. Истиот беше почуствуван и во западниот дел на Македонија. Последователните потреси беа со интензитет од 1,8 до 2 степена според Рихтер.

Силното невреме во северниот дел од земјата однесе и еден живот.

Од гром настрада 50-годишна жена,додека нејзиниот сопруг и нивен роднина се повредени кај селото Сукај кај Скадар додека со трактор се враќање од нива.

Поради големите бранови во опасност се нашле најмалку педесет туристи кои пловеле со брод кон островот Сазан. Благодарение на брзата интеревенција на Капетанаријата биле спасени откако за тоа биле известени од новинари кои навреме се заолнале на островот.

Поројните дождови предизикаа одрони на патиштата, кои пак се причина за неколку сообраќајни несреќи,во кои животот го загубило едно лице.