Колинда ја славеше фудбалската победа во Брисел


Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ облечена во дрес како хрватското знаме  дојде во хотелот во Брисел каде што ја пречека делегацијата распеана по победата на нивната земја во фудбалскиот натпревар против Англија. Китаровиќ  ,која претходно беше на вечера организирана за лидерите на самитот на НАТО која траеше повеќе од пет часа, се приклучи на славењето со песна, па и со играње.