Мицотакис: Тежок и тажен ден за Грција


Денеска е тежок и тажен ден за Грција, порача лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјавата дадена веднаш по изгласаната ратификација, на како што наведува, „штетниот Договор од Преспа“, јави дописничката на МИА од Атина. -Ратификација значи по прв пат, од грчката Влада, официјално признавање на македонскиот јазик и идентитет за […]

Ципрас: Денес е историски ден, Северна Македонија ќе биде земја пријател


Северна Македонија, која се роди денес ќе биде земја пријател, напиша премиерот на Грција, Алексис Ципрас, на неговиот официјален Твитер профил, кусо по соопштувањето на резултатите и зеленото светло од грчкиот Парламент за Договорот од Преспа. Тој додаде дека денес е историски ден, денес „се пишува нова страница за Балканот“. -Следните генерации и во двете […]

(ВИДЕО) Грчкиот Парламент го ратификуваше Договорот од Преспа


Со 153 гласа „за“, 146 „против“ и еден воздржан Парламентот на Грција денес даде зелено светло и го ратификуваше Договорот од Преспа. Позитивно за решението на деценискиот спор меѓу Македонија и Грција гласаа 145 пратеници од СИРИЗА (целата пратеничка група), седум независни пратеници и еден пратеник од Независни Грци. Осумте пратеници кои го поддржаа Договорот […]

Почна гласањето во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа


По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, пред малку во грчкиот Парламент започна гласањето за ратификација на Договорот од Преспа. Со прозивање, сите 300 пратеници ќе треба да кажат дали гласаат „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во […]

Досега 29 жртви на епидемијата на грип во Хрватска


Според податоците на Заводот за јавно здравје на Хрватска, во последните седум дена од грип починале уште 20 луѓе, со што вкупниот број на жртви на грип до вчера достигнал 29 лица. Претставници на Заводот рекле дека динамиката на движењето на бројот на болни од грип годинава е на ниво од претходната. Исклучок е втората […]

Ѕанакопулос: Денеска е историски ден


Денеска се решава еден историски проблем, денеска е историски ден, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото „Сто кокино“. – Денеска е историски ден, денеска се решава еден историски проблем меѓу двете земји и мислам дека би можело да биде поттик за нова ера, не […]

Вучиќ: Не верувам дека таксите лесно ќе се укинат


Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази денес резерва на сигналите од Приштина за евентуалното укинување на таксите од сто отсто на производите од Србија. Тој оцени дека притисокот од меѓународната заедница расте во таа насока, но исто така потсети дека Приштина досега повеќе пати покажала дека не се  држи до договорот и дека искуството го научило […]

„Коха“: Економски договор во замена за укинување на таксите од 100 проценти


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и европските дипломати усогласуваат „договор на реципроцитет“ меѓу Белград и Приштина за сите економски аспекти во замена за укинување на таксите од 100 отсто на стоки од Србија, пишува весникот „Коха диторе“. Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, според косовскиот весник, го претставил договорот на медиумите. „Коха“ наведува и дека […]

Каменос бара 101 оставка за блокада на ратификацијата на договорот од Преспа


Атина – Претседателот на Независни Грци и до неодамна коалициски партнер во владата, Панос Каменос, преку неговиот Твитер профил, утрово побара масовни оставки на пратениците за да се спречи ратификацијата на договорот од Преспа. -До 14 часот можеме да го блокираме гласањето на договорот од Преспа со оставка на 101 пратеник. Прв ја потпишувам мојата оставка, […]

Издаден налог за апсење на потпретседателот на Српска листа


Основниот суд во Приштина издаде налог за апсење на потпретседателот на партијата на косовските Срби, Српска листа, Милан Радоичиќ, јави Радио телевизија Србија. РТС наведува дека налогот за негово апсење е издаден поради сомнеж дека е поврзан со случајот со убиството на лидерот на партијата на косовските Срби, Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер […]

Мицотакис: Грција во кој било момент ќе може да стави вето за членство на Скопје во ЕУ


Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во неговиот говор во Парламентот за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа, порача дека тој како премиер би го искористил правото на вето на патот на Македонија кон Европската унија. -Процесот за интеграција на Скопје во ЕУ не е поврзан со Договорот од […]

Тужби против СПЦ за педофилија


До Вишиот суд во Лондон се поднесени шест тужби против Српската православна црква (СПЦ) поради педофилија, кои се однесуваат на скандалот поврзан со пензионираниот епископ зворничко-тузлански Василије Качавенда. Како што јави Танјуг, во тужбите, што ги поднеле шест жртви на сексуалното насилство, се посочува дека за овој „деликт не е одговорен сторителот лично, туку СПЦ […]

Приштина планира продажба на косовскиот „Телеком“


Косовската Влада донесе одлука за отпочнување подготовки за приватизација на „Косово Телеком“, објави порталот „Приштина Инсајд“. Порталот потсетува дека ова е трет обид на Владата во Приштина за продажба на „Телекомот“, по двата неуспешни обиди во 2011 и 2013 година. Косовскиот министер за екoномија и развој Валдин Љука на Фејсбук објави дека побарал од Европската […]

Започна протестот против Договорот од Преспа пред грчкиот Парламент


 Со грчки знамиња, пароли против Договорот од Преспа и „Македонија е грчка“, мал број Грци се собраа на почетокот од протестот пред Парламентот организиран од т.н „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“. Демонстрантите преку нивните паноа бараат оставка од претседателот на Грција, но и референдум за договорот.

Хан: Имам предлог за таксите, чекам одговор од Вучиќ и Тачи


Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан соопшти дека на претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи им доставил предлог за решавање на „релевентните трговски прашања“. Хан нагласи дека очекува позитивен одговор од Вучиќ и Тачи за предлогот, кој според него би бил основа за можно продолжување на дијалогот меѓу Белград […]

Кундура: Договорот од Преспа отвора нови перспективи во билатерални односи


Затвораме рани на нашата северна граница и отвораме нови перспективи во нашите билатерални односи со надеж за заеднички европска иднина, порача министерката за туризам на Грција, Елена Кундура од грчкиот Парламент за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа и истакна дека со решението ја зајакнува улогата на Грција на Балканот и ќе […]

Модерните корења на црковниот гнев околу „македонското прашање“


Спектаклот на облаци со солзавец што се вртеа низ Атина на 20 јануари беше збунувачки за многу надворешни набљудувачи. Сè уште збунувачки можеби е и присуството меѓу демонстрантите на толку многу грчко православно свештенство во црни мантии. Она што го предизвика проблемот беше меѓународно посредуваниот компромисен договор околу името на северниот сосед на Грција, договор […]

ЕК: Изјавата на Аврамопулос не е став на Европската Комисија


Изјавата на еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, ги разбранува европските институции. ЕК вели дека тоа не е нејзин став, јави дописничката на МИА во Брисел. Додека се чека на круцијалното гласање на грчкиот Парламент за Преспанскиот Договор, еврокомесарот за миграција, член на грчката Нова Демократија, даде изјава која е спротивна на ставот на ЕУ. Тој […]

Аврамопулос: Договорот од Преспа не е урамнотежен и затоа е проблематичен


Двајца еврокомесари,Гркот Димитрис Аврамопулос и Романката Корина Крецу, во последните 24 часа излегуваат со дијаметрално различни ставови во однос на дебатата што за Преспанскиот довор и очекувањата од него се води во грчкиот Парламент. Аврамопулос, како комесар за миграциска политика на ЕУ и поранешен грчки министер за надворешни работи изјави дека „Договорот од Преспа не […]

(ВИДЕО) Независни Грци: Ќе го оставиме Заев да зборува во име на Александар Велики


Со спот во кој македонскиот премиер Зоран Заев се претвора во Александар Велики и вели дека веќе никој нема да оспорува дека сме Македонци и зборуваме македонски јазик, од Независни Грци прашуваат: Ќе го оставиме Заев да зборува во име на Александар Велики?, јави дописничката на МИА од Атина. -Северномакедонци, ниту ќе бидам јас, ниту […]