Иво Санадер заминува во затвор?


Поранешниот премиер Иво Санадер правосилно е осуден на шест години затвор, откако Врховниот суд донесе одлука.
Прифатена е жалбата на обвинителството на неправосилната пресуда со која за случајот „Планинска“ Санадер беше осуден на 4,5 години затвор, јави хрватската телевизија N1.
Со оваа одлука поранешниот премиер Санадер се упатува во затворот „Реметинец“, а потоа и на издржување на казната затвор.
Во овој случај, поранешниот хрватски премиер е осуден на 4,5 години затвор, а со другите обвинети треба да вратат 15 милиони куни (или 2.020.000 евра). Одземени му се и 17 милиони куни (или околу 2.300.000 евра) имотна корист што ги стекнал на незаконски начин.
Случајот се однесува на купопродажба на зграда од пратеник кој ја продал зградата на Министерството за регионален развој, шумарство и водно стопанство.
Санадер ги отфрла сите обвиненија.