На Црногорското приморје потребни се 20.000 сезонци


Претставниците на Владата на Црна Гора денеска ги повикаа домашните работници да пронајдат работа оваа сезона на Црногорското приморје, каде, според проценките на Заводот за вработување, ќе бидат потребни околу 20.000 сезонски работници.
Министерството за труд и социјална грижа и заводот за вработување на Црна Гора. во пресрет на туристичката сезона, организираа конференција на тема „Да вработиме домашни3 со цел невработените лица од Црна Гора во текот на летната сезона да најдат работа.
Директорот на Заводот за вработување, Суљо Мустафиќ, истакна дека охрабрува податокот дека во Црна Гора од година во година се намалува бројот на невработени, но дека и понатаму се многу.
Во моментот во евиденцијата на Заводот има 38.500 невработени, што е за 18,4 отсто помалку од лани.
Тој верува дека оваа сезона многу невработени ќе побараат работа на приморјето.
Од искуството од претходните години во лето најчесто се бараат работници во областа на туризмот, угостителството, трговијата и услугите.
Платата на сезонските работници во Црна Гора е околу 500 евра, а во регионот само во Хрватска заработуваат повеќе, која исто така побарува десетина илјади сезонски работници.