Албанија одбележува 10 години од членството во НАТО


Со низа активности Албанија денеска одбележува 10 години од членството во НАТО. Посебно спектакуларен беше прелетот на авиони на НАТО над албанското небо. Претседателот на Албанија и врховен командант на вооружените сили, Илир Мета во обраќањето на свеченоста искажа подготвеност на неговата земја за секоја иницијатива која е во насока на зајакнување на Алијансата. -Не […]

Мустафа: Немаме информации каде се Демири и Исмаиловиќ, но ќе соработуваме со Скопје


Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм“. Мустафа по денешната трилатерална тактичко-показна вежба „Western Balkan’s flash“, рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција. – Во моментот немаме […]

Косовскиот министер за внатрешни работи: Немаме информации каде се Демири и Исмаиловиќ, но ќе соработуваме со Скопје


Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм“. Мустафа по денешната трилатерална тактичко-показна вежба „Western Balkan’s flash“, рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција. – Во […]

Ципрас во вторник пристигнува во посета на Скопје


Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторник на 2 април ќе ја посети Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Делегацијата што ќе ја предводи Ципрас ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје, по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Северна Македонија. Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас […]

Караџиќ ја обжали пресудата за доживотен затвор


Поранешниот лидер на боснаските Срби, Радован Караџиќ, кој беше прогласен за виновен за најголемиот масакр на цивили во Европа по Втората светска војна, ја обжали пресудата на судот во Хаг, со која му беше изречена казна доживотен затвор. – Радован Караџиќ ја обжали доживотната казна, која му беше изречена на 20 март, соопшти Судот во […]

Тачи: Србија изврши геноцид, некои сакаат тоа да се заборави


Косовскиот претседател Хашим Тачи на денешното одбележување на 20-годишнината од масакрот во селото Избица, порача дека Косово никогаш нема да го заборави геноцидот кој Србија го изврши во последната војна, иако „тие злосторства некој во светот се труди да бидат заборавени“. На комеморацијата во Избица, во областа Дреница во централно Косово, каде на 28 март […]

Нов протест на албанската опозиција


Со обраќањето на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша и пеење на албанската национална химна пред партиското седиште, попладнево заврши денешниот седми по ред протест на обединетата албанска опозиција. Во својот говор пред насобраните приврзаници на опозицијата, Баша порача дека нема ниту избори со албанскиот премиер Еди Рама, ниту пакт со „балканскиот Мадуро“ и им […]

Рама: Нема компромис, локални избори ќе има со или без опозицијата


Албанскиот премиер Еди Рама денеска од говорницата на Парламентот во Тирана и порача на опозицијата дека компромис нема да има и оти со или без неа во Албанија ќе се одржат локалните избори. Тој додаде дека евентуалното неучество на Демократската партија и на Социјалистичкото движење за интеграција на локалните избори предвидени за 30 јуни, ќе […]

Бојко Борисов ја прифати оставката на шефот на пратеничката група на ГЕРБ


Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска  ја прифати оставката на шефот на пратеничката група на ГЕРБ Цветан Цветанов по скандалот за купување станови под пазарната цена. Пред пет дена, оставка поднесе и бугарската министерка за правда Цецка Цачева откако медиумите објавија дека таа и уште тројца функционери од владејачката партија на десен центар ГЕРБ купиле луксузни […]

Инциденти и тензии на протестот на албанската опозицијата во Тирана


Протестот на обединетата албанска опозиција почна тензично, кога дел од учесниците се обидоа насилно да го пробијат полицискиот кордон пред Парламентот во Тирана. Судир со полицијата пред Министертвото за внатрешни работи имаа и жителите од населбата „Астир“, кои протестираат веќе четири месеци, бидејќи нивните домови треба да се урнат поради изградбата на големата обиколница во […]

Косово најави попис за 2021 година


Косовската Влада и Канцеларијата на Обединетите нации за поддршка на проекти (УНОПС) денеска потпишаа Меморандум за разбирање за попис на населението, домаќинствата и семејните стопанства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Проектот, како што е соопштено, ќе го спроведе Агенцијата за статистики на Косово (АСК) и се предвидува да започне во 2021 година. […]

Грција упати демарш до турскиот амбасадор за воздушните инциденти


Грчкото министерство за надворешни работи упати демарш до турскиот амбасадор во Атина наведувајќи дека турски борбени авиони сѐ почесто го нарушуваат воздушниот простор на Грција. Овојпат конкретна причина за демаршот е сметањето на хеликоптерот со кој летал грчкиот премиер Алексис Ципрас на островот Агатониси во Егејското море, каде присуствуваше на одбележување на годишнината на востанието […]

Хашим Тачи: Борбата против корупцијата мора да биде бескомпромисна


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека корупцијата е сериозна закана и за поразвиените држави, затоа Косово како млада држава мора да биде бескомпромисна во борбата против оваа појава, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната конференција за борбата портив корупцијата на високо ниво во организација на ОБСЕ, Тачи рече дека Косово прави големи чекори […]

Харадинај: Нема да има мир на Балканот се додека Србија не ги признае своите злосторства


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача денеска дека на Балканот нема да има мир се додека Србија не ги признае злосторствата кои ги изврши во регионот во војните од 90-тите години. Харадинај пораката ја упати од Голема Круша, на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во тоа село и во Мала Круша во близина на градот Ораховец, […]

Косово ги забранува игрите на среќа


Владата во Приштина на синоќешната седница ги усвои измените и дополненијата на законот за игри на среќа, со кои е предложена забрана на коцкањето и затворање на сите коцкарници во следните десет години, изјавил косовскиот премиер, Рамуш Харадинај. „Ние го спроведуваме барањето на Собранието. Барањето беше Владата да забрани коцкање на период од десет години и […]

Атина без договор со Брисел за нова транша кредит


Работната група за еврото денеска не донесе одлука за исплата на речиси една милијарда евра кредит на Грција. Причината за тоа е што се уште не е постигнат договор со грчката Влада за тоа како Атина планира да ги заштити должниците од преземање на имотот под хипотека, тврди весникот „Катимерини“. Грчката Влада треба да постигне […]

Хашим Тачи: Србија изврши геноцид во Косово, нивните злосторства ќе бидат казнети


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека српските сили извршиле геноцид во Косово и дека нивните злосторства врз цивилното население нема никогаш да бидат заборавени и нема да останат неказнети, јави дописникот на МИА од Приштина. Тачи во Мала Круша, на одбележувањето на 20-годишнината од масакрот во селата Мала и Голема Круша во близина на […]

Двајца полицајци пукале еден кон друг на аеродромот во Кајзери


Двајца полицајци се повредени и префрлени во болница откако денеска пукале еден кон друг на аеродромот во централниот турски град Кајзери. По пукањето, полицијата ги засили мерките за безбедност на сите терминали за летови во земјата. Како што пренесуваат турските медиуми, едниот полицаец сакал да го убие другиот, а потоа да се самоубие.

Почина лекарот на Тито


Познатиот српски лекар Предраг Лалевиќ, почина денеска во Белград на возраст од 92 години, пишуваат српските медиуми. Д-р Лалевиќ, ќе остане запамтен како личен лекар на Јосип Броз Тито, а за здравјето на маршалот бил задолжен 16 години. Но, пред сѐ, тој ќе се памти како своевиден татко на српската анестезиологија. Доктор Лалевиќ е роден […]

Двајца полицајци пукале еден кон друг на аеродром


Двајца полицајци згрижени се во болница, откако денеска пукале еден кон друг на аеродром во централна Турција во градот Кајзери. Полицијата, по пукотниците, ги зајакна мерките на безбедност на сите терминали за летови во земјата, пренесе Ројтерс. Како што пренесоа странските медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации, еден полицаец се обидел да убие друг, а […]