Власта во дилема за можни предвремени избори во Србија, опозицијата најавува бојкот


По повеќенеделните масовни граѓански протести во повеќе српски градови, се повеќе се актуелизира темата за можни предвремени парламентрани избори во Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска уште еднаш го повтори ставот дека ниту ја прифаќа, ниту ја отфрла можноста за предвремени избори. – Оваа одлука е комплицирана. Ќе одиме со неа пред партискотото Претседателство и […]

Утре средба на Весели, Харадинај и Коснет за укинување на таксата кон Србија


Претседателот на косовското Собрание Кадри весели утре ќе биде домаќин на состанокот со премиерот Рамуш Харадинај и амбасадорот на Соединетите Американски Држави Филип Коснет, на кој ќе се разговара за американското барање упатено до косовската Влада за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА […]

Во Србија, на границата со Македонија и Бугарија, откриено големо наоѓалиште на злато


Канадската компанија „Медголд рисорсис“ во јужна Србија, на границата со Бугарија и Македонија, пронашла индикатори дека во таа област има богати наоѓалишта на благородни метали, објави „Вечерње новости“. Како што наведува весникот, оваа компанија во истражувањето на рудното богатство под назив „Тламино проект“, пронашла слој од 40 метри кој содржи 8,32 грама злато по тон […]

Земан: ЕК е бирократски орган, а се однесува како влада


По изборите за Европскиот парламент во мај Европската комисија треба да престане да се однесува како европска влада, и излегувањето на Велика Британија од заедницата треба да биде направено максимално прифатливо за двете страни, нагласува чешкиот претседател Милош Земан во интервју за прашки „Блеск“. – Европската комисија е бирократски орган, но се однесува како европска […]

Теохаропулис избришан од Движење на Промена поради позитивниот став за Договорот од Преспа


Претседателот на Демократска левица, Танасис Теохаропулос, е избришан од пратеничката група на Движење на промена во кое коалицира заедно со ПАСОК поради неговиот став да гласа за ратификација на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. -Ставот на господинот Теохаропулос да гласа за Договорот од Преспа, објективно му служи на господинот Ципрас и […]

Заврши протестот во Атина – најмалку 40 повредени и седуммина уапсени


Во инцидентите во делот околу грчкиот Парламент за време на протестот против Договорот од Преспа, повредени се најмалку 40 лица од кои 25 полицајци, еден фоторепортер и еден снимател, а приведени се 12 лица, од кои седуммина се уапсени, јави дописничката на МИА од Атина. По судирите меѓу маскираните лица и полицијата, што траеја околу […]

Ципрас: Ратификацијата на Договорот од Преспа е патриотска должност


Грчкиот премиер Алексис Ципрас смета дека Договорот од Преспа е историски договор и за Атина и за Скопје и порачува дека ратификацијата на договорот претставува патриотска должност. Тој во денеска објавеното интервју за грчкиот весник „Авги“ го обвини лидерот на најголемата опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис поради залажување на јавноста и опасно поигрување со […]

Кабинетот на Ципрас: Екстремни десничари и членови на Златна зора се обидоа да влезат во Парламентот


За жал уште еднаш тонот на протестот го дадоа екстремни елементи и членови на Златна зора кои во нивниот обид да влезат во Парламентот, маскирани и со дрва, камења и палки ги нападнаа полицајците и десетици повредени завршија во болница, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, за инцидентите на денешниот протест пред грчкиот […]

Жестоки судири на протестите во Атина– повредени најмалку 15 лица


Демонстрантите фрлаа камења, ракети, огнени бомби, бои и други предмети врз полициските специјалци, кои одговорија со солзавец. Некои демонстранти скокнаа над оградата, но офицерите ги тргнаа назад. Еден човек, облечен во грчко знаме, нападна полицајци со голем стап, додека други замавнува големи знамиња на дрвени стапови и ги напаѓа полицајците. Полицијата соопшти дека девет полицајци […]

Грчка полиција: Околу 60 илјади граѓани учествуваат на протестот


На  протестот пред грчкиот Парламент, што е во тек и на кој има судири меѓу маскирани лица, веројатно припадници на екстремно десничарски групи и полицијата, од 14 часот учествувале околу 60 илкади лица, соопшти грчката полиција. Како што јави дописничката на МИА од Атина, во главниот грчки град пристигнале вкупно 326 автобуси од цела Грција. […]

Дачиќ: Не идеализирајте го Тачи, таксите се идеја на неговите соработници


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, реагирајќи на изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи кој повика на укинување на таксите за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина, оцени дека не треба многу да се идеализира, посочувајќи дека таксите се идеја на најблиските соработници на Тачи. – Енвер Хоџај и Кадри Весели кажаа […]

Седми масовен граѓански протест во Белград


Во Белград и оваа сабота е одржан нов, седми голем масовен протест „Стоп на крвавите кошули“ за демократски слободи под слоганот „Еден од пет милиони -почнато е“. Колоната од повеќе десетици илјади граѓани кои протестираа, која беше повторно долга над еден километар, се движеше по веќе познатата маршрута низ централните белградски улици, од Студентскиот плоштад, […]

Харадинај: Српската полиција уапси двајца припадници на КБС


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека српската полиција на преминот Јариње уапсила двајца припадници на Косовските безбедносни сили (КБС). Тој на својот Фејсбук профил напиша дека нивното приведување е неприфатливо и побара итно ослободување. – Вакви случаи потсетуваат на режимот на Слободан Милошевиќ, кој веројатно и понатаму опстојува кај нашиот северен сосед, напиша Харадинај.

Во Хрватска девет лица починаа од грип


Од грип во Хрватска до сега починаа девет лица, а се уште се чекаат официјални резултати за два смртни случаи во Сплит, изјави директорот на Хрватскиот завод за јавно здравство Крунослав Цапак. Тој додаде дека Хрватска по епидемијата на  грип е трета во Европа со оклу 8.500 заразени лица, додека на прво место е Велика […]

Двоглавиот орел – потекло и значење


Реакции во јавноста деновиве предизвикуваат фотографии и јавни истапувања на политичари Албанци кои  со рацете го покажуваат знакот на двоглав орел. Тие што го покажуваат тврдат дека е без негативна конотација и оти е само знак на идентификација со нивната национална припадност. За оние што им пречи, пак, тоа е јавно и провокативно искажување на […]

Проди: Да се забрза процесот на присоединување на балканските држави во ЕУ


Неизоставно мора да биде забрзан процесот на присоединување на државите од Балканот кон Европската унија. Нема да има целосен и траен мир во Европа се додека сите, повторувам, сите земји од континентот не станат дел од големото европско семејство. Тоа вечерва за МИА го изјави поранешниот претседател на Европската комисија Романо Проди во Охрид, каде […]

Гласањето за Преспанскиот договор во грчкиот парламент кон крајот на следната недела


Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека гласањето за Преспанскиот договор во парламентот ќе се случи кон крајот на следната недела. По состанокот со претставници од владејачката СИРИЗА, Вуцис рече дека процесот ќе почне во следните неколку денови, најпрвин на комисиско ниво, а потоа ќе се најде на пленарна седница. „Секој ќе има можност […]

Сопругата на Мета призна дека има закани од криминални групи


Сопругата на албанскиот претседател Илир Мета,Моника Круемади, која е лидерка на опозициското Социјалистичко движење за интеграција,призна дека имала закани преку социјалните мрежи „од лица кои се идентификувани како членови на криминалн групи поврзани со политиката“. Круемади низ солзи додаде дека за да ја заштити помала ќерка,Ера ја сместиле во изолиран интернат надвор од земјата. -Помалата […]

Вучиќ: Ако не се продолжи дијалогот, тогаш можеме да одиме на избори


Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени денес дека е важно меѓународната заедница и Европа да соопштат дали наскоро ќе бидат укинати косовските такси на стоки од Србија, односно дали дијалогот ќе продолжи, за да знае дали да се организираат вонредни избори или не. “Ако нема дијалог, нема пречки да се оди на избори.Затоа е важно да […]

Харадинај побарал да му се намали платата


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по повод актуелните штрајкови на вработените во здравството и образованието, кои бараат да им се зголемат платите, изјави дека од изготвувачите на Законот за плати во јавната администрација побарал да ја намалат единствено неговата плата. За ова негово барање Харадинај информира на денешната средба со структурите на неговата партија, Алијансата за […]