(ВИДЕО) Приведено лице кое се обиде да стигне до грчкиот претседател


По завршувањето на свечената литургија во атински храм по повод националниот празник на Грција и по интонирањето на грчката химна, во моментите кога шефот на државата Прокопис Павлопулос ги поздравуваше граѓаните, обезбедувањето и полицијата приведоа маж кој се обиде да му се приближи на претседателот, а малиот инцидент го снимија камерите на државната телевизија ЕРТ за време на директниот пренос од настанот.

Грчките медиуми, повикувајќи се на полициски извори објавија дека станува збор за 45-годишен маж, корисник на дрога, кој веднаш бил приведен и одведен во полиција за да се испита која била неговата намера.

Претседателот на Грција, Павлопулос и покрај обидот на непознатото лице, продолжи да ги поздравува присутните граѓани.