Црногорска парламентарка бара оставка од сопругот, немаат проблеми во бракот


Драгиња Вуксановиќ Станковиќ, пратеничка во црногорскиот парламент на протестот во Подгорица потпиша „спогодба за иднината“ и со тоа индиректно побара оставка од сопругот врховен државен обвинител Ивица Станковиќ.
Со овој потег предизвика и шеги на своја сметка и на сметка на брачниот живот, кои со денови не престануваат на социјалните мрежи, пренесува  novosti.rs.
„Мојот сопруг и јас меѓусебно се разбираме и се поддржуваме еден со друг за автономно постапување во извршувањето на функциите и заземање став, па дури и кога не се согласуваме. Потписот на Спогодбата е резултат на политичка принципиелност“, објасни таа.
Како што рече, на избори ја бирале граѓаните, а не врховниот државен обвинител.
„Затоа за својата политичка работа на позиција пратеник одговарам само пред граѓаните“, порача пратеничката.