Ниту еден сосед нема да го празнува Велигден


Православните христијани деновиве се на распетие. Растргнати се меѓу јавниот интерес, своето здравје и желбата на присуствуваат на литургија за Велигден. Иако минатата година мноштвото граѓани за Велигден место во црква завршија на шетање во Грција и други држави, за првпат во историја велигденската литургија треба да ја следат од дома и преку телевизија. Иако […]

Лоша вест за туристите: се очекува цените во Грција двојно да скокнат


До 65 проценти од хотелите во Грција се соочуваат со банкрот пандемијата. Се предвидува  Грција да изгуби милиони евра во туризмот, бидејќи летувалиштата во Грција и нејзините острови имаат затворени граници за посетителите, пишува британскиот весник „Сан“. Повеќето хотели се принудени да затворат поради новите регулативи донесени од грчката влада. Анкетата спроведена од грчката хотелска […]

Во Србија уште 408 новозаразени, петмина починаа


  Во Србија денеска се забележани нови 408 случаи на заразени од ковид-19 од тестирани 2.880 луѓе. На конференцијата во 15 часот беше речено дека вкупно заразени кај нашиот северен сосед има 4.862 лица. Од корона вирусот во последните 24 часа починале уште петмина, две жени и тројца мажи, а бројот на починати се искачи […]

Во Хрватска во последните 24 часа повеќе оздравени од новозаболени


  Во Хрватска во последните 24 часа новозаболени од ковид-19 се 37, а оздравеле 57, додека тројца починале, објавија денеска надлежните. До сега во Хрватска регистрирани се 1.741 случаи на зараза, а оздравеле 473 лица, додека бројот ан починати е 34. На респратор во моментов се 31 пациент. Тројцата починати имале придружни болести. Се работи […]

Словенија почнува масовно тестирање


Словенечката Влада објави дека дополнително ќе го интензивира тестирањето за коронавирусот бидејќи сака да добие реална слика за тоа колку граѓани се инфицирани. Дополнителните тестирања ќе се направат во сите региони на државата и ќе бидат опфатени сите старосни категории граѓани. При изборот на лицата кои ќе се тестираат нема да биде важно во каква […]

Во Грција изречени казни од над шест милиони евра за прекршување на ограничувањето за движење


Грција – Од казните за несовесните граѓани за прекршување на мерките за забрана на движењето, грчката полиција, заклучно со вчера изрекла казни во висина од над шест милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно податоците од полицијата, од почетокот на забраната, заклучно со вчера, за непотребно и неоправдано излегување и движење биле казнети 40.034 […]

Нова жртва на Ковид-19 во Косово, вкупно деветмина починати


Маж на 69-годишна возраст од Сува Река е последната жртва на Ковид-19 во Косово, со што вкупната бројка на починати од епидемијата во земјата се зголеми на девет, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста, во својот 24-часовен извештај, ја објави Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, наведувајќи дека лицето, кое било примено на лекување […]

Во Албанија нови 19 случаи со Ковид-19, уште еден починат и тројца оздравени


Во последното деноноќие во Албанија регисрирани се нови 19 случаи заразени со Ковид-19, што е за 11 повеќе од вчера. Во исто време оздравени се тројца, а починал уште еден пациент во Инфективната клиника во Тирана. -Од тестираните 252 сомнителни случаи, меѓу нив и 44 здравствени работници, позитивен резултатот е кај 19 од нив, меѓу […]

За откажаните туристички аранжмани во Грција ќе се издаваат ваучери во траење од 18 месеци


За откажани туристички аранжмани или туристички пакети во периодот од 25 февруари до 30 септември 2020 година, туристичките компании во Грција, наместо да им ги вратат парите на клиентите, ќе можат да им издадат 18-месечен ваучер, предвидува законски акт од Министерството за туризам на Грција за справување со последиците од пандемијата на Ковид-19, јави дописничката […]

Нема корона-милост за критичарите на Ердоган


Времето на корона-криза и домашна изолација за многу луѓе значи и време на размислување и рефлексија. По шокантните вести за починати, кои се објавуваат секојдневно, се шири страв. Токму сега сме упатени на меѓусебна солидарност. Политичарите би требало да се презентираат како луѓе со обѕири и милост, особено во авторитарни земји како Турција, каде довербата […]

Во Србија 9 починати за еден ден, нови 411 заразени


Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се девет нови смртни случаи, 7 мажи и две жени, на просечна возраст од 69 години, со што вкупниот број на починати изнесува 94 лица, со смртност во однос на заразените од 2,01 отсто. Во изминатите 24 часа, тестирани се 2440 лица, од кои позитивни на вирусот се […]

И Грција размислува за забрана за движење на возила за Велигден


Грција – Забрана за движење на возилата во сабота вечер и во недела за Велигден, е сценариото, кое според „Катимерини“ е на маса и го разгледува грчката Влада за да се спречи дополнителна раздвиженост на граѓаните за време на празникот, како и да се спречи дополнително ширење на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Според […]

Обилни снежни врнежи во Словенија


Словенија- На многу места во Словенија, меѓу кои и во главниот град од утрово паѓа снег, јави дописникот на МИА од Љубљана. Поради пробивање на студена и влажна воздушна маса од север, температурите во земјата паднаа за 25 степени. Вчерашното пролетно време, денес е заменето со зимска идила, па така во Штајерската област вчера беа […]

Српскиот епидемиолог Предраг Кон се повлекува: Војни нема да водам против никого, освен против вирусот


Србија– „Војни нема да водам против никого, освен против вирусот“, порача Предраг Кон, водечкиот српски епидемиолог, најавувајќи го своето повлекување затоа што, како што кажа, во епидемијата со коронавирусот има многу критика, дека сите бараат виновници, додека единствениот виновник всушност е вирусот. -Го губам трпението, рече Кон по повод објавата на Фејсбук во која напиша […]

Лекарите во Босна масовно земаат боледување во екот на епидемијата


Стотици лекари и други медицински работници во Босна и Херцеговина се на боледување во екот на епидемијата на корона вирусот, од која се инфицирани повеќе од илјада луѓе до понеделникот и починаа 39 лица. Досега се заразени 1.018 лица со корона вирус, со епидемии во Бања Лука (257), Читлук (81), Мостар (55) и Широки Брег […]

Рекорден скок на заболени во Србија, починаа петмина


Во Србија во последните 24 часа тестирани се 2.464 лица, а кај 424 потврдено е присуство на корона вирусот, што е црн рекорд на заразени во еден ден. Вчера починале пет лица, тројца мажи и две жени, а нивната просечна старост е 50 години. Процентот на смртност во Србија е 2,09 posto. Од почетокот на […]

За Велигден ќе нема одење на гости во Грција


  Не се дозволени посети на домови на роднини и пријатели во сабота за Велигден или во недела, за славење заедно, истакна портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, потсетувајќи ги граѓаните дека таков вид на движења се забранети, јави дописничката на МИА од Атина. -Реалната закана што ја имаме […]

Коронавирус: Дали Турција ќе стане нова Италија?


Листата од Книгата на умрени на градот Истанбул неколку часа се вртеше по социјалните медиуми пред да биде блокиран пристапот до неа. Можеше да се видат смртните случаи од претходниот ден, вклучително имињата, датумот на раѓање и причината за смртта на вкупно 255 лица. 20 пати како причина за смртта беше наведено Ковид-19. Турскиот министер […]

Грција гони свештеници -одржале литургии и покрај забраните


Во две цркви, во атинската населба Кукаки и на островот Крф, и покрај забраните поради Ковид-19 црквите да бидат затворени за верниците, свештени лица причестувале граѓани, по што реагирало обвинителството. Според информациите во грчките медиуми, веќе се покренати предмети, а полицијата трага по свештените лица од двете цркви. Дел од медиумите во Грција, вчера објавија […]

Мал број новозаразени со коронавирусот во Словенија


Здравствените власти во Словенија објавија дека во земјата се потврдени само седум нови случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана. Изминатото деноноќие се тестирани вкупно 554 лица, а бројот од седум позитивни е најмал во споредба со неделите наназад. Од сите 1.212 заразени досега, само 95 лица се хоспитализирани, а […]