Лоша вест за туристите: се очекува цените во Грција двојно да скокнат


До 65 проценти од хотелите во Грција се соочуваат со банкрот пандемијата.

Се предвидува  Грција да изгуби милиони евра во туризмот, бидејќи летувалиштата во Грција и нејзините острови имаат затворени граници за посетителите, пишува британскиот весник „Сан“.

Повеќето хотели се принудени да затворат поради новите регулативи донесени од грчката влада.

Анкетата спроведена од грчката хотелска комора покажа дека 65 проценти од хотелиерите рекле дека најверојатно ќе банкротираат.

Според извештаите на локалните медиуми, загубите се проценуваат на 4,46 милијарди евра.

Иако постои надеж дека туристичката индустрија би можела да започне повторно во јули, многу компании и тур-оператори веќе се борат со проблемите.

Претседателот на комората Александро Василикос објасни дека туристичкиот пазар ќе се отвори бавно и болно, а дека во меѓувреме може многу работи ќе се случат.

Тој додаде дека сега нема информации дека хотелите ќе започнат со работа по пандемијата бидејќи воопшто нема побарувачка.

Островите како Кос, Крит и Санторини обично се преполни со туристи за време на Велигден, а сега островите ги прекинаа повеќето од нивните патувања во обид да се справат со вирусот, и покрај тоа што на некои од островите  немаат ниту еден случај пријавен на заболен од вирусот.

Доколку хотелите се принудени да ги затворат своите врати, ова е лоша вест за туристите, кои во иднина може да се соочат со поскапо патување во Грција.

Кога има помалку сместување, тоа значи дека побарувачката расте за оние места што се отворени, а тоа значи и повисоки цени.

Експертите веќе предупредуваат дека билетите за авиони можат да бидат двојно поскапи по рестриктивните мерки доколку авиокомпаниите летаат со полупразни авиони.